1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Прванов за Македонија и нејзиното членство во ЕУ

Претседателот на Бугарија Георги Прванов и вице претседателот Ангел Марин одржаа пресконференција по повод првата година од вториот мандат. За прв пат тие одговараа и на прашања на граѓани.

default

Претседателот на Бугарија Георги Парванов

Шефот на Бугарската држава Георги Прванов, на прес конференцијата на која зборуваше за својот мандат зазеде став и во однос на Македонија и нејзиното членство во ЕУ. Откако му беше поставено прашање за тоа зошто Бугарија безусловно ја подржува Македонија на нејзиниот пат кон ЕУ иако Македонија зазема став против Македонци со бугарска свест.

Прванов за Македонија и ЕУ

Прванов истакнува „Бугарија прва ја призна Македонија под нејзиното уставно име и тоа го направи без да поставува услови. Ги подржуваше во последниве години напорите на соседот да застане здраво на патот за европски развој. Бугарија е заинересирана за тоа да паднат границите и ние заедно да бидеме членка на европското семејство. Тоа, односно нашата подршка, се разбира неможе да биде безусловна. Услов се добрососедските односи. Да нема претензии, дури и на неофицијално ниво, како што периодично се појавуваат во некои медиуми, блиски до официјалните кругови. Ние нема да прифатиме претензии кон бугарската историја ние нема да прифатиме подршка на сепаратистички тенденции од определени кругови во Македонија, какви што има кај извесни организации во пиринскиот крај. Таквиот став го застапувавме јас и премиерот за време на последната посета на премиерот Греувски на Буагарија.“

Марин за барањата за бугарско државјанство

Вице претседателот Ангел Марин пак на прашање за доделувањето бугарско државјанство одговори - „Има голем број барања, но на сите кои сакаат да станат бугарски државјани од Македонија и Молдавија, не секогаш им се дава бргу да добијат државјанство. Во минатата 2007 година поднесени се 12.411 барања за бугарско државјанство. Половината од барањата се од граѓани на Република Македонија, значи некаде околу 8.000, а од Молдавија околу 1000. Најмногу државјанства добиле кандидати од Република Македонија 3422 лица, а од Република Молдавија 1583. Во годините меѓу 2002 и 2007 од поднесените молби од Македонија од вкупно 39.076, бугарско државјанство добиле 13.925. “