1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Првакот во шампионска форма

Бајерн Минхен го задржа врвот на табелата со пет бода предност пред најблискиот ривал. По 12. коло во Бундеслигата многу малку нешта се сменија на табелата, но за одбележување е извонредната игра на Борусија (Д).

default

Фудбалерите на Борусија (Д)

Новина во колото беше тоа што Бајерн се намачи за да дојде до победата над Аугсбург. Со конечните 2:1 не беше задоволен ниту бекот Даниел Ван Бојтен:

„Првото полувреме го одигравме добро. Потоа го оставивме противникот да игра. Не бевме доволно агресивни, имавме многу погрешни додавања. Моравме да одиграме подобро во вториот дел“.

Шалке го загуби второто место по нерешените 2:2 на гостувањето кај Хановер. Тренерот Хуб Стевенс, сепак, не беше разочаран со ремито.

„Добро е што не загубивме во Хановер. Мислам дека публиката виде добар меч. Многу други тимови тука загубија бодови. Ние освоивме еден бод, и јас сум задоволен“.

Задоволен може да биде и новиот напаѓач на Шалке, Темо Пуки, кој ја имаше главната улога во двата гола на гостите.

Дортмунд конечно во вистинска форма

Најблиски ривали на Бајерн сега се триото Дортмунд, Вердер, Менхенгладбах. Борусија (Д) го совлада Волфсбург со 5:1, и сега има 16 од 18 можни бодови во последните 6 кола, на голема радост на тренерот Јирген Клоп.

„Тоа беше фудбалот што го посакуваме од почеток до крај. Оваа висока победа беше сосема заслужена. Постигнавме фантастични голови. Играчите се претставија во извонредно светло. Тоа беше чиста класа“.

Fußball Bundesliga Bremen Köln

Клаудио Пизаро

Клаудио Пизаро, со својот втор хет-трик во Бундеслигата, му ја донесе победата на Вердер од 3:2 над Келн, кој водеше на полувремето со 2:0. Перуанецот сега стигна до бројката од 11 гола сезонава.

„Многу сум задоволен. Не го отворивме добро мечот. Во првото полувреме игравме лошо и примивме два гола. Во вториот дел заигравме многу подобро, постигнавме три гола и победивме“, рече Пизаро.

Борусија (М) се избори за победа од 2:1 на гостувањето кај Херта во Берлин. Според тренерот Лусиен Фавр, тоа беше заслужена победа:

„Тоа не беше незаслужена победа. Сакавме, по двата гостински порази од 1:0, да стигнеме најмалку до еден бод. Беше многу важно за нас да ја сопреме оваа серија“.

Важен бод во борбата за опстанок освои и Хамбург, играјќи нерешено 2:2 во Леверкузен. Тоа беше трето реми во серија за тимот на тренерот Финк. За вицепрвакот Бајер, пак, тоа беше нов неуспех во серија.

„Со еден бод не можеме да бидеме задоволни. Во вториот дел покажавме дека сакаме да победиме. Имавме и шанси, но не ги искористивме“, рече напаѓачот на Бајер, Штефан Кислинг.

Фрајбург се извлекува од дното

Фрајбург го совлада Нирнберг на гости со 2:1 и за првпат сезонава успеа да се одвои од дното на табелата. По трите порази едно по друго, Јан Розентал од Фрајбург беше презадоволен.

Fussball Bundesliga Bayer Leverkusen gegen Hamburger SV

Момент од мечот Бајер-Хамбургер

„Некаде мораше да пукне. По негативата од 1:0 не се предадовме, и веднаш израмнивме. Со сета почит, ова денеска беше валкан натпревар, но така е кога се игра за опстанок. Во вакви ситуации не може да се игра мирно, со топка на нога. Како и да е, мислам дека денеска заслуживме победа“.

Хофенхајм пред своите навивачи едвај извлече бод во дуелот против Кајзерслаутерн. Бекот Марвин Компер вели дека неговиот тим во вториот дел прикажал премалку.

„Во вториот дел целосно ја загубивме контролата врз играта. Пребрзо ја губевме топката, не бевме агресивни. Тоа беше премалку“.

Во петокот и Мајнц конечно се израдува на ретка победа, совладувајќи го Штутгарт на домашен терен со 3:1.

Автор: Арнулф Бечер/Борис Георгиевски

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска