1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Прашума во Европа

На истокот на Полска, кај Бјаловјежа, постои прашума со богат растителен и животински свет. Прашумата останала илјадници години нечепната од човечка рака. Таа е атракција за туристите и предизвик за екологистите.

„Кога ќе си го најдеш ’своето‘ катче на Земјата, тешко е да се каже, што е тоа што те фасцинира. Тоа е како со љубовта: како да кажеш во што точно си се заљубил?“

Матеуш Шимура е туристички водич. Тој ја води својата група длабоко во заштитената област. Толку многу видови птици на едно место има само овде во прашумава. Од татко му научил што е интересно за луѓето од големите градови - на пример, големите габи. Една која им ја покажува е стара седум години и тврда е како дрво, вели Шимура. Овде се’ расте како што си сака оти прашума значи дека човекот не смее ништо да промени.

Galerie / Global Ideas / Urwald Polen – 17

Во моментов само 16 проценти од Бјаловјежа е ставен под заштита

„Природата има свој план. Тој план не мора да се совпаѓа со мојот. За човека е тешко да прифати дека природата се грижи самата за себе“, вели туристичкиот водич Матеуш Шимура.

Шумата од Бјаловјежа се наоѓа на крајниот исток на Полска. Се смета дека таа е последната прашума во Европа. Од 90-тите години таа е национален парк. УНЕСКО ја прогласи за светско културно наследство, за да бидат заштитени 20 илјади видови растенија и животни.

Крал на шумата е визентот, европскиот бизон. Во оградениот дел живеат само неколку - заради туристите. Во дивина популацијата нарасна последните години на околу 900 бизони. Регионот на Бјаловјежа се рекламира со визентот.

Galerie / Global Ideas / Urwald Polen – 12

Таму често се наоѓаат печурки

Малиот град се наоѓа на работ на прашумата. Има 2 илјади жители и речиси сите живеат од туристите. Во центарот на гратчето е хотелот на Олимпија Пабиан. Таа сака да го прошири хотелот. Хемичарка по струка, Пабиан отвори академија за биодиверзитет, со работилници и нагледна настава на тема заштита на природата.

„Сакам да овозможам размена на искуства, како може на лице место да се усогласат интересите на луѓето и заштитата на природата. Тука има конфликти - не се придржуват сите кон прописите за заштита на природата“, вели угостителот и заштитник на природата Олимпија Пабиан.

Galerie / Global Ideas / Urwald Polen / 1

Шумата е нечепната од човечка рака

Посебно незадоволни се селаните. На Алекси Бојко општината не му дозволи да изгради штала на свое земјиште оти било премногу блиску до шумата. Бојко понекогаш не може да жнее оти птици квачеле јајца во неговата нива, или бизони или елени му ја запоседнале пченицата.

„Штетите се навистина големи. Животните уништуваат до 90 проценти од приносот јадејќи го или смачкувајќи го, ако не е заштитети со електрична ограда.“

Wisentzuchtgehege im Nationalpark Bialowieza

Во Полска има 800 бизони, а половината од нив се во Бјаловјежа

Матеуш Шимура постојано открива нови места што може да им ги покаже на туристите. Прашумата постои од пред 12 илјади години, од последното ледено време.

„Ова е место каде можам да ја слушнам тишината, тишина далеку од цивилизацијата. Како оваа шума нема друга во светот. Таа е мојот втор дом“, вели Шимура.

Сто илјади туристи годишно доаѓаат во Бјаловјежа, каде заштитата на природата има посебна вредност.