1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Прашањето за доверба предизвика реакции во германската јавност

Говорот на германскиот канцелар Герхард Шредер, предизвика критика од страна на уставните судии, но и реакции кај граѓаните и претставниците на политичките партии.

Седиштето на германскиот Бундестаг

Седиштето на германскиот Бундестаг

Германскиот Бундестаг во петокот ги постави основите за оддржување нови парламентарни избори во земјата. Како и што посакуваше самиот, пратениците му изгласаа недоверба на канцеларот Герхард Шредер. Причината Шредер воопшто да побара недоверба една година пред истекот на неговиот втор мандат лежи во отпорот против централните реформски зафати на неговата влада. Но уставните судии во Германија ја критикуваа причината на канцеларот Шредер за прашањето на доверба во Бундестагот. Доказ за деловно неспособна коалиција не е поднесен.

Двајца пратеници на Бундестагот пак Вернер Шулц и Јелена Хофман имаат намера поднесат тужба, доколку германскиот сојузен претседател Хорст Келер го распушти парламентот.

Првите реакции за говорот на канцеларот од граѓаните но и од политичарите како од редовите на владаечката СПД но и од опозиционите ЦДУ и ЦСУ

Германскиот министер за внатрешни работи Ото Шили изразувајќи му поддршка за канцеларот Шредер кусо кажа:

„Навистина имам респект и му се восхитувам на канцеларот, кој во достоинствена форма ја опиша состојбата, верувам дека со подигната глава може да одиме на избори.“

Опозицијата пак уште еднаш потенцираше дека се залага за нови избори. Генералниот секретар на Христијанско демократската партија Фолкер Каудер потенцираше.

„Сакаме нови избори. Потребна ни е силна влада, која оваа земја ќе ја одведе во подобра иднина.“

Премиерот на германската покраина Баварија Едмунд Штојбер од опозиционата ЦСУ го изнесе своито гледиште за поделеност во редовите на владеачката партија.

„СПД самата се расчлени. Остави невообичаено подделен впечаток. Половината изгласа доверба, половината се воздржа од гласање или пак гласаше со „НЕ“. Тоа се разбира е значајно губење на авторитетот како на сојузниот канцелар така и на господин Минтеферинг.“

Но не само политичарите и германските граѓани реагира на случувањата во парламентот

„Мислам дека беше редно време, и за чекорот честитам – за тоа е потребна и храброст. Не сум на мислење дека тоа беше вистинскиот пат, кој тој го одбра.“

„Сметам дека овој потег е опасен, да се донесе во склад со уставот, станува збор за тоа дека прашањето за доверба може да биде поставено тогаш, кога сојузниот канцелар нема повеќе доверба, а на мислење сум дека ова сега е малку фингирано.“

Конечната одлука сепак лежи кај гермаснкиот сојузен претседател Хорст Келер. По вчерашното гласање, канцеларот Шредер упати молба до претсетдалот Хорст Келер, да го распушти парламентот. Од кабинетот на претсетдалот се вели пак дека Келер максмално ќе го искористи рокот од 21 ден за донесување одлука, бидејќи прашањата кои треба да се проверат се доста комплексни.