1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Лицата на Германија

Прашалник: Јулија Гладе

default

Име: Јулија Гладе

Возраст: 22 години

Родно место: Волфен, околија Битерфелд

Брачна состојба: немажена Деца: нема

Занимање: Студентка на Институтот за комуникологија, на Универзитетот во Лајпциг

Образование / обука: Матура (2006)

Како го почнувам денот? Со притискање на копчето на будилникот.

Типично германски, според мене, е... точноста.

Типично за мене е... подготвеност да помогнам, така барем велат пријателите.

Мојата најдобра особина е... амбициозноста.

Мојата најголема слабост е... неуредноста.

Во слободното време најмногу сакам... да бидам со пријателите, читање.

Мое омилено јадење е... сармата на мајка ми.

Ќе ни‘ го откриете ли рецептот? И јас би сакала да го знам, само мајка ми го знае (и можеби баба ми).

Која музика ја слушам? Секаква, особено германска музика како Херберт Гренемајер, Клузо, Шпортфројнде Штилер, Зилбермонд..., а за танцување електронска музика.

Би сакала да имам повеќе време... за моето момче, за патувања, за мрзливо лежење на сонце и уживање во времето.

Кога мислам на иднината... се надевам дека најдоцна по мастер-студиите веќе нема да припаѓам на генерацијата „пракса“, дека дотогаш ќе го прошетам светот и ќе стојам со двете нозе цврсто на земјата.

Моето животно мото е. .. „Не ја проценувај книгата по нејзината насловна страница“.


Автор: Фархад Салманијан

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска