1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Лицата на Германија

Прашалник: Јохана Шпалинк-Сиверс

default

Име: Јохана Шпалинк-Сиверс

Возраст: 56 години

Место на раѓање: Олденбург / Долна Саксонија

Семејна состојба: омажена

Деца: четири

Професија: пејзажна архитектка

Образование: дипломиран инженер за пејзажна архитектура

Како започнува мојот ден? Со сопругот пиеме чај в кревет и читаме дневни весници. Потоа сосема опуштено појадуваме со нашиот син. Кога имам време, пред да одам на работа радо шетам со сопругот.

Типично германски, според мене, е... точност, доверливост, ред, но исто така и немање смисол за хумор.

Типично за мене е... Се обидувам низ животот да чекорам храбро и со крената глава и да не се откажам од зацртаното. Го сакам моето семејство и професијата, се смеам радо и гласно...

Моја најдобра особина е... што ја земам судбината во своите раце.

Слаба страна ми е... што сум премногу наивна за овој свет.

Во слободното време најмногу сакам... да бидам дома, да ги расчистувам собите и да се „врткам наоколу“, да готвам, фотографирам, одам на прошетка, да возам велосипед, пливам, читам, пишувам мејлови или писма, пејам во хор, ја средувам нашата мала градина и растенијата во саксија, се среќавам со пријателите или соседите.

Мое омилено јадење е... свадбарска супа.

Каква музика слушам? Џанмарија Теста, Барбара Стрејсенд, Нора Џоунс и од класичната музика - Бах.

Би сакала да имам повеќе време за... се‘, но особено за сопругот и моите внуци, како и за патување. Би сакала да научам да портретирам, а и да имам повеќе време за читање.

Кога мислам на иднината, тогаш... малку се плашам дека нешто би можело да му се случи на некој од членовите на моето семејство. Инаку сум оптимист по природа...

Моето животно мото е ... Имам две: 1. „Животот е убав, но скап, може да биде поевтин, но не е толку убав“. (Звучи малку декадентно, но тоа го научив од мајка ми и сметам дека поради тоа е легитимно)

2. „Мора да посегнете по ѕвездите, кои инаку нема сами да се спуштат кај вас.“ Ова не е само мото, туку е навистина соодветно на моето животно искуство.



Автор: Холи Фокс

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска