1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Лицата на Германија

Прашалник: Уте Вебер

default

Име: Уте Вебер

Возраст: 57 години

Место на раѓање: Есен

Семејна состојба: oмажена

Деца: две ќерки

Професија: учителка

Образование: матура / универзитет

Како започнува мојот ден? Со појадок.

Типично германски, според мене, е... печено свинско месо.

Типично за мене е... љубопитност.

Моја најдобра особина е... флексибилноста, спонтаноста и тоа што сум добар организатор.

Моја слаба страна е... доминантноста.

Во слободното време најмногу сакам... читање, трчање.

Мое омилено јадење е... медитеранска кујна.

Ќе ни‘ го откриете ли рецептот? Се‘ што има од зеленчук се меша, пржи и добро се зачинува (зачини, оцет и густ сок од агаве), тестенини и пармезан.

Каква музика слушам? Марк Кноплер, Фил Колинс, Брус Спрингстин.

Би сакала да имам повеќе време за... да бидам на отворено, во градината и да спортувам.

Кога мислам на иднината, тогаш... не сакам по секоја цена да одам на одмор, сакам да остарам со добро здравје и да можам да правам многу работи со семејството и пријателите.

Моето животно мото е ... „Секој може да умре глупав“.

Автор: Вјачеслав Јурин

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска