1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Лицата на Германија

Прашалник: Уве Мајер

default

Име: Уве Мајер

Возраст: 39 години

Родно место: Минзинген, во покраината Баден - Виртемберг

Брачна состојба: женет, живее разделено Деца: нема

Занимање: Работник, моментално продавач на улични весници

Образование / обука: Училиште за деца со посебни потреби

Како го започнувам денот? Станувам во 7.30 часот. Потоа чистам се‘ дома. Додека да излезам од дома, веќе е 9 часот. Не појадувам.

Типично германски, според мене, е... Точноста е се‘, хигиената исто така. Не поднесувам кога некој не е се држи до термините. Чекам петнаесет минути, а потоа си заминувам. Се‘ едно ми е што ќе биде потоа.

Типично за мене е... Секојдневието. Секогаш го правам истото: станувам, одам на работа, доаѓам дома, јадам нешто, го вклучувам телевизорот, легнувам во кревет.

Мојата најдобра особина е... што сум среќен, се‘ едно дали имам добар или лош ден.

Мојата најголема слабост е... што понекогаш ми паѓа тешко да кажам „не“.

Во слободното време најмногу сакам... Фудбалот стои на прво место!

Кое е моето омилено јадење? Со задоволство јадам се‘. Стек, можеби. Јадам се‘ што ќе се стави на масата. Тоа го научив од мајка ми. Мојот специјален рецепт е „Турско пиле“.

Ќе ни‘ го откриете рецептот? Модар патлиџан, тиквичка, кромид, компири - се‘ се сече на резанки и се става заедно со пилето во тава за печење. Се зачинува со сол, бибер и црвена пиперка и се става да се пече 1,5 до 2 часа во рерната. Тогаш имаш убаво јадење.

Која музика ја слушам? Се‘, освен хеви метал и техно. Сакам шлагери.

Би сакал да имам повеќе време за... Кога би имал жена тогаш би сакал да имам повеќе време за убави романтични вечери со свеќи дома. Многу го сакам тоа.

Кога мислам на иднината... ...Сакам повторно да застанам на нозе и да најдам стан и работа.

Моето животно мото е... Останувам ваков каков што сум, иако некои луѓе велат: „Непријатен си ми“.

Автор: Шон Синико

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска