1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Лицата на Германија

Прашалник: Розвита Зештерхен

default

Име: Розвита Зештерхен

Родно место: Минстермајфелд - Келдунг, Рајнланд Пфалц

Возраст: 50 години

Брачна состојба: мажена Деца: еден син

Занимање: Поштарка

Образование / обука: Десетолетка, Административно училиште

Како го започнувам денот? Со една добра чаша кафе во 5 часот наутро.

Што е за мене типично германски? Ситничавост, за се‘ има правила, закони...

Типично за мене е... И покрај стресот, не го губам задоволството за работа.

Мојата најдобра особина е... издржливост и однос кон луѓето (колегите).

Мојата најголема слабост е... пушењето.

Во слободното време најмногу сакам да... читам, спијам.

Моето омилено јадење е... колач од компири.

Која музика ја слушам? Ретко слушам музика, немам ниеден одреден правец во музиката.

Би сакала да имам повеќе време... за моето семејство, за читање.

Кога мислам на иднината... си посакувам за моето семејство и за мене добро здравје.

Моето животно мото е... Кој лежи, тој р‘ѓосува.

Автор: Јулија Сијаткова

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска