1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Лицата на Германија

Прашалник: Рајнхард Брауер

default

Име: Рајнхард Брауер

Возраст: 60 години

Родно место: Хановер

Брачна состојба: женет Деца: еден син

Занимање: Слаткар-мајстор

Образование / обука : Десетолетка, обука за слаткар, мајсторски испит

Денот го започнувам... радосен! Станувам и како секој друг одам под туш за да се разбудам.

Типично германски, според мене, е... свинска потколеница и кисела зелка.

Кој леб најдобро оди со тоа? ‘Ржан леб

Типично за мене е... спокојство, трпение и претерана совесност.

Мојата најдобра особина е... способност да издржам до крај.

Мојата најголема слабост е... нездрав однос кон парите.

Во слободното време најмногу сакам... да возам велосипед.

Мое омилено јадење е... Пиката миланезе.

Ќе ни‘ го откриете ли рецептот ? Не!

Која музика ја слушам? Секаква, класика, и што не е чудно за моите години - Елвис Присли.

Би сакал да имам повеќе време за... фотографија и музика.

Кога мислам на иднината... се надевам дека ќе ми се исполнат нештата што си ги замислувам.

Моето животно мото е... „Кој ќе биде упорен до крај, ќе биде благословен“. Со „благословен„ мислам среќен, значи да стигне на целта. Упорност до крај, тоа ми е важно.

Автор: Сонила Санд

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска