1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Лицата на Германија

Прашалник: Нина Роде

default

Име: Нина Роде

Возраст: 38 години

Родно место: Диселдорф

Брачна состојба: немажена Деца: нема

Занимање: Уметник, скулптор

Образование / обука: Матура, завршени студии по уметност

Како го започнувам денот? Со мојот мачор врз стомакот и со кафе.

Типично германски, според мене, е... перфекционизам.

Типично за мене е... ништо.

Мојата најдобра особина е... мојата љубопитност.

Мојата најголема слабост е... мојата нетрпеливост.

Во слободното време најмногу сакам... да работам, да танцувам и да читам.

Мое омилено јадење е... шпагети „Болоњезе“.

Ќе ни‘ го откриете ли рецептот? Немам рецепт.

Каква музика слушам? Се‘ што ми се допаѓа.

Би сакала да имам повеќе време за... да патувам насекаде.

Кога мислам на иднината... се тресам.

Моето животно мото е... „Повеќе сакам да имам една туба боја, отколку полн стомак.“

Автор: Габриел Боруд

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска