1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Лицата на Германија

Прашалник: Николаус Нецхамер

default

Име: Николаус Нецхамер

Возраст: 71 година

Место на раѓање: Ерцинген / Баден (Баден-Виртемберг)

Семејна состојба: оженет

Деца: нема

Професија: учител во гимназија по латински и историја, раководител на приватно училиште

Образование: завршено високо образование (1 и 2 државен испит за учители во гимназија)

Како започнува мојот ден? Долг појадок заедно со сопругата, читање на дневните весници.

Типично германски, според мене, е... што животот се одвива во функционален ред, кој е прифатен и почитуван од мнозинството.

Типично за мене е... истрајноста да стигнам до целта.

Најдобра особина ми е ... што издржав и престанав со пушењето.

Слаба страна ми е... што сакам да правам повеќе работи истовремено.

Во слободното време најмногу сакам... да работам на историски предмети, шетам и патувам.

Мое омилено јадење е... меѓу другото, салата со колбас.

Каква музика слушам? Класична музика: Бах, Бетовен, Моцарт, Брукнер.

Би сакал да имам повеќе време за... мојата работа и за шетање.

Кога мислам на иднината, тогаш... знам дека нема да трае уште многу долго. Тоа смирува.

Моето животно мото е ... Сегашноста е единствената реалност!

Автор: Марина Борисова

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска