1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Лицата на Германија

Прашалник: Маркус Рајсенвебер

default

Име: Маркус Рајсенвебер

Возраст: 28 години

Место на раѓање: Кобург

Брачна состојба: оженет

Деца: нема

Професија: Инженер-раководител на проекти во претпријатие

Образование: Матура, студии за инженер во стопанството

Како започнува мојот ден? Станување во 6:30 часот, туширање, појадок, 20 минути возење до работа.


Што е за мене типично германски? Темелно планирање, структурирано работење, трудољубивост.

Типично за мене е... грижливост, љубов кон деталите.

Моја најдобра особина е... доверливост и отвореност.

Моја најголема слабост е... што понекогаш сум премногу перфекционист, а понекогаш и тврдоглав.

Во слободното време најмногу сакам... многу спортување - џогинг, фитнес, возење сноуборд.

Мое омилено јадење е... Сечкано мисиркино месо со шпецле (швапски тестенини)

Каква музика слушам? Во зависност од расположението, од рок до поп музика.

Би сакала да имам повеќе време за... На приватен план: за техничко „конструирање“, а на професионален план: за натамошно образување / специјализација.

Кога мислам на иднината, тогаш... Приватно: деца и куќа со градина. Професионално: развој со добивање стручно знаење.

Моето животно мото е ... Доколку се следат со сета посветеност, целите ќе бидат достигнати. И: од еден удар со секира досега не паднало ниту едно дрво!


Автор: Ангелина Вербица

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска