1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Лицата на Германија

Прашалник: Марион Есер

default

Име: Марион Есер

Возраст: 41 година

Место на раѓање: Келн, Нипес

Семејна состојба: омажена

Деца: две ќерки

Професија: фризерка со мајсторска диплома, визажист, козметичарка

Образование: средно училиште/мајсторска диплома за фризерка

Денот ми започнува со... капење.

Типично германски според мене е... точност, доверливост, се чека на семафор кога е црвено.

Типично за мене е... точност, доверливост и љубопитност.

Моја силна страна е... што сум многу сум креативна и секогаш се обидувам да работам перфектно.

Моја слаба страна: мојот сопруг смета дека започнувам многу работи одеднаш и некои никогаш не ги завршувам. Јас воопшто не би го кажала тоа за себе.

Во слободното време... најмногу сакам да бидам заедно со моите деца и сопругот.

Мое омилено јадење е... многу сакам да јадам супи, а најмногу крем-супа од моркови.

Каква музика слушам? Намерно воопшто не слушам музика.

Никогаш не пуштам некое ЦД за да слушам музика. Но, понекогаш сакам да слушам соул музика, џез или рок-поп.

Би сакала да имам повеќе време... за моето семејство.

Кога мислам на иднината, тогаш... малку се плашам. По малку се радувам, но секогаш гледам нови проблеми кои не‘ очекуваат. Во наредните 20-30 години ќе биде потешко за нашите деца, да живеат во светот каде ние имаме се‘ помалку енергија и се‘ поскапува. Се грижам за тоа дали ќе успееме да ги решиме проблемите со зачувувањето на животната средина.

Моето животно мото е ... Да им се радуваме на работите. Се‘ да правиме исправно, со радост и љубов.


Автор: Али Алмакхлафи

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска