1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Лицата на Германија

Прашалник: Душан Бараќ

default

Име: д-р Душан Бараќ

Возраст: 33 години

Родно место: Франкфурт на Мајна

Брачна состојба: неженет Деца: нема

Професија: Стоматолог

Образование / обука : Универзитет

Денот го започнувам со... појадок, работа

Што е за мене типично германски? За се‘ постојат закони и одредби, кон коишто мора да се придржуваме. „Се‘ што не е дозволено е забрането.“

Типично за мене е... непридржување до договорено време и тоа што сум забавен

Мојата најдобра особина е... амбициозност, способност за учење

Мојата најголема слабост е... што сум перфекционист и очекувам тоа да се и другите.

Во слободното време најмногу сакам ... да патувам, да спортувам, да излегувам со пријатели, да се грижам за мачката, да поправам некои работи низ станот.

Моето омилено јадење е... Виенска шницла со помфрит

Ќе ни‘ го откриете ли рецептот ? Телешко месо, јајце, брашно, презла, масло, компири, сол.

Која музика ја слушам? Претежно поп-музика од сите правци и од цел свет.

Би сакал да имам повеќе време за... едно патување низ светот во траење од две години.

Кога мислам на иднината... се плашам понекогаш.

Моето животно мото е... Компетенцијата доаѓа од знаење.

Автор: Лидет Абебе

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска