1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Лицата на Германија

Прашалник: Дорис Берендс

default

Име: Дорис Берендс

Возраст: 59 години

Родно место: Бад Залцунген

Брачна состојба: мажена Деца: четири

Професија: Акушерка

Образование / обука : Десетолетка, обука за медицинска сестра и акушерка, многубројни курсеви за дообразување

Како го започнувам денот? Будилникот ми ѕвони во 4.30 часот. Се туширам со прилично студена вода, ја местам косата, пијам една чаша млеко, одам со мојот пес на утринска прошетка, па подготвувам појадок за ќерка ми и за мене. Потоа одам на работа во клиниката со автомобил.

Што е за мене типично германски? Точност, сигурност, упорност, добра смисла за ред.

Типично за мене е ... подготвеност да помогнам, изразена смисла за семејство, чувство на одговорност, да се грижам за сите што ги сакам, за бремените жени и за родилките.

Мојата најдобра особина е... секогаш да сум присутна и да помагам кога ќе бидам потребна.

Мојата најголема слабост е... што не можам да кажам „НЕ“.

Во слободното време најмногу сакам... да бидам со моето семејство, околу мене да ги имам моите деца и внуци, сакам рачна работа, пливање, скијање, возење велосипед.

Моето омилено јадење е... Тириншки кнедли со ролат од месо и црвена зелка.

Која музика ја слушам? Музика од 70 и 80 години, како и понова музика.

Би сакала да имам повеќе време за... мене, за мојата градина, за моите деца и внуци.

Кога мислам на иднината... се грижам. Здравјето е многу важно, како и сигурноста на работното место.

Моето животно мото е... Биди среќен, не го губи здравиот хумор, биди здрав и служи им на децата за пример.

Автор: Ојген Тајзе

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска