1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Лицата на Германија

Прашалник: Дитлинд Тиман

default

Име: д-р екон. Дитлинд Тиман

Возраст: 54 години

Место на раѓање: Гентин

Семејна состојба: омажена

Деца: еден син

Професија: градоначалничка

Образование: студии на факултетот за економија „Бруно Лојшнер“ во Берлин, отсек национална економија

Како започнува мојот ден? Со сопругот секогаш стануваме рано за да имаме најмалку 30 минути време за појадок.

Типично германски, според мене, е... точност, прецизност; темелност и стремење кон новитети; луѓе под стрес

Типично за мене е... одам на голем број состаноци и водам многу разговори директно; секогаш се стремам кон целта и го очекувам истото од другите; речиси не поднесувам спротивставување, освен во случаи кога е навистина со причина; ништо не е невозможно; често правам повеќе работи истовремено; кога има проблеми разговарам и со вработените и не се ориентирам само спрема раководството; ги поврзувам работите и го насочувам вниманието кон целината, сепак со голема љубов за деталите; стојам зад своите грешки и се извинувам кога сум се однесувала погрешно; консеквентна сум и директна, некои велат дека сум строга; секогаш се залагам за стручно знаење; често сум инволвирана со многу емоции во случки, особено кога станува збор за нешто што ги засега децата и младинците, постари луѓе и особено оние на кои им е потребна помош; многу сум практична.

Моја најдобра особина е... од другите никогаш не очекувам повеќе отколку од себеси и затоа сакам да бидам добар пример; си поставувам цели за мене и моите соработници и работам сама или во тим интензивно на нивното остварување.

Моја слаба страна е... понекогаш имам премногу разбирање, со многу емоции им приоѓам на работите и самата се справувам со конфликтите; моето време го делам така што во текот на денот немам доволно време за средување на поштата, за читање литература или за паузи, и затоа ми е потребно додатно време во доцните вечерни часови или на викенд.

Што сакам најмногу да правам во слободно време? Како градоначалничка тешко е да се дефинира поимот „слободно време“. Слободно време е за мене кога немам закажано и не одам на официјални и јавни средби. Тогаш сакам едноставно да бидам дома со сопругот, синот и неговата девојка. Правиме работи за кои инаку немаме време, како на пример прошетки, возење велосипед, спортување или готвење вкусни јадења.

Мое омилено јадење е... слатко-кисели јајца со пасирани компири или супа од зелена боранија со пржено јајце. Но, на мојата трпеза често има и тестенини во сите форми со најразлично сосеви.

Каква музика слушам? Многу сакам да ја слушам музиката на Петер Мафај, Мајкл Џексон или Хелене Фишер, но исто така и од Глен Милер и Џејмс Ласт. Јас сум верен обожавател и на нашиот ансамбл „Јакаранда“.

Би сакала да имам повеќе време за... нашето големо семејство и за пријателите, како и за градината и да се грижам за растенијата во мојот дом; би сакала да имам повеќе време за читање, како и за сурфање на интернет, или за патување во далечни земји; секако би било убаво кога би имала повеќе време за да спортувам и останам активна.

Кога мислам на иднината, тогаш... сум, како секогаш, оптимист! Сите проблеми - со или без криза - ги сметам како предизвик; демографскиот развој го сметам за голема шанса. Гледам позитивен развој за „мојот Бранденбург на Хафел“.

Моето животно мото е ... Работам и живеам „со срце и разум“. Моето основно начело: Дозволете да Ви се доближат и накратко повлечете се на страна.

Автор: Благородна Григорова

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска