1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Лицата на Германија

Прашалник: Бернд Јармеркер

default

Име: Бернд Јармеркер

Возраст: 53 години

Родно место: Кастроп Рауксел во Северна Рајна Вестфалија

Брачна состојба: неженет Деца: нема

Занимање: Училишен хаусмајстор

Образование / обука : Електромеханичар

Како го почнувам денот? Со една чаша кафе пред телевизорот, гледајќи Дневник

Типично германски според мене е... Засукај ги ракавите и почни да работиш!

Типично за мене е... Јас сум типичен Германец.

Мојата најдобра особина е... следење на целта.

Мојата најголема слабост е... Не кажувам! Чоколадо!

Во слободното време најмногу сакам да... возам мотор.

Мое омилено јадење е... сарма.

Имате ли рецепт за тоа? Ќе биде испорачан дополнително!

Која музика ја слушам? Музиката од групата Квин.

Би сакал да имам повеќе време... за мене лично, за да можам нешто спонтано да направам.

Кога мислам на иднината... се надевам дека мојата здравствена состојба ќе остане стабилна.

Моето животно мото е... Уживај во денот!

Автор: Шабнам Нуријан

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска