1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Пратеничките листи се готови

Владејачката ВМРО ДПМНЕ до последен момент се консултираше. Останатите партии многу порано ги обелоденија своите кандидати, што не значи дека внатрепартиските расправии и кај нив биле помалку вжештени.

default

Ако се остварат резултати за влез на првите 7-8 личности од сите партиските понуди, тогаш и во новиот законодавен дом повеќе од половината ќе бидат истите личности како и во предходниот мандат. И во редовите на ВМРО-ДПМНЕ нема изненадувања, но до пред полноќ траеја лицитациите меѓу неговите актуелни министри. Никола Груевски е носител на листата во првата изборна единица, каде за директен противник во борбата за премиерската фотелја ќе ја има Радмила Шекеринска (СДСМ).

Никола Груевски е носител на листата во првата изборна единица

Никола Груевски е носител на листата во првата изборна единица

Носители на листите во останатите изборни единици се министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, Влатко Ѓорчев, вицепремиерот Зоран Ставревски, министерот за надворешни работи Антонио Милошоски, како и министерот за образование Никола Тодоров.

СДСМ игра без екс-премиерот Владо Бучковски. Нему му се заканува затворска казна и долг судски процес и не е меѓу потенцијалните пратеници, иако тоа самиот го посакал. Кај СДСМ младите се во втор план, дури и нивниот водач го нема меѓу првите 10 кандидати, што спаѓаат во таканаречените „добитни места“.

Збогување и реанимација

Заминува остро критикуваниот министер за правда Михајло Маневски, но неизвесно е дали претседателот на социјалиситите и сопственик на ТВ Сител, Љубисав Иванов, заедно со Тито Петковски, ќе бидат единствените кои ќе имаат континуитет во дведеценискиот парламентаризам на Македонија.

Во „добитните места“ на листите на СДСМ нема млади

Во „добитните места“ на листите на СДСМ нема млади

Реактивиран е екс-премиерот Љубчо Георгиевски со својата ВМРО-НП, убеден дека подеднакво ќе биде прифатлив за идната влада на Груевски или Шеќеринска.

ЛДП оди со стариот испробан парламентарен тим од претходниот состав, но за првпат самостојно пред гласачите. Со слоганот „Има излез“, лидерот Јован Манасиевски прашува: „Чуму ни‘ се дури 22 министри, најмногу во Европа? Либерално-демократската партија подготви оперативен план за влада со 12 министри.“

Ореол за Руфи Османи

И на овие избори се повторува праксата, во последен момент да се промовира нова партиска групација. Овојпат тоа во македонскиот блок се Обединети за

Руфи Османи е во подем

Руфи Османи е во подем

Македонија со Љубе Бошковски, додека кај албанскиот електорат се реактивира гостиварскиот градоначалник Руфи Османи. Тој, по само два месеци од најавата за своја партија, бележи континуиран пораст на популарноста. „Македонците не смогнаа сили да дозволат албанскиот јазик да биде втор официјален. Ако Македонците ја реализираа својата аспирација да имаа независна држава, Албанците како народ не ја реализираа својата аспирација да бидат рамноправни со Македонците“, вели универзитетскиот професор Османи. Тој, поради идејата за развој на федералниот концепт на Македонија, ќе испровоцира радикализација на албанските барања, а ДПА веќе говори за нов меѓуетнички договор, зашто Рамковниот бил претесен за националните приоритети на Албанците.

Кампањата почнува за десет дена

Малцинските партии се дел од омнибус композициите кај СДСМ И ВМРО-ДПМНЕ, но нема голема и предизборна коалиција меѓу Албанците и Македонците.

ДУИ се ослободува од „военото крило“

ДУИ се ослободува од „военото крило“

Во албанскиот блок, ДУИ се ослободува од дел на „военото крило“ - ги нема воените ветерани Велиу и Алити, а ги нема и министрите за економија и локална власт. Интегративците не успеаја со привлекување на торбешите (Македонци муслимани н.з.) предводени од ПЕИ, но презеде дел од малата етничка заедница на Бошњаците. Во своите редови високо го котира Артан Груби, од невладината „Разбуди се“, кој беше еден од промоторите на пресметките на скопско Кале со дел од навивачите Македонци, по што ја загуби работата во холандската амбасада во Скопје.

Традиционалниот опозициски тандем од ДПА - Тачи и Џафери, се подмладува, ќе настапи дури и без претседателскиот кандидат Мируше Хоџа. Нова Демократија со истите водечки имиња од претходниот парламентарен состав.

Кампањата започнува на 15 мај - ВМРО-ДПМНЕ почнува традиционално од Охрид, а СДСМ ќе се промовира пред Владата, бидејќи не ја доби спортската арена „Филип Втори“.

Автор: Александар Чомовски/миа

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска

DW.COM