1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Правни консултации во СРД за одлуката за А1

Во Советот за радиодифузија денеска во тек се правни консултации во врска со можното одземање на дозволата за работа на телевизијата А1. Советот вчера не донесе одлука поради поделеност на членовите околу ова прашање.

default

Во Советот за радиодифузија за ДВ изјавија дека правните консултации, кои се во тек, се со цел да се надминат разијдувањата на членовите на Советот во толкувањето на одредбите во Законот за радиодифузија. Официјална одлука за тоа дали ќе и биде одземена дозволата на А1, откако Основниот суд Скопје 2 отвори стечајна постапка за телевизијата, треба да биде донесена на редовна седница на СРД која треба да биде закажана два дена однапред. Со оглед дека во Советот нема консензус за ова прашање нема изгледи одлуката да биде донесена до крајот на неделава.

Претседателот на советот Зоран Стефаноски по вчерашните неколкучасовни разговори, побара од јавноста разбирање, бидејќи станувало збор за исклучително чувствително, комплицирано прашање.

За својата одлука, Советот треба да ја извести Агенцијата за електронски комуникации, која е надлежна за концесијата на телевизијата. Инаку со одлуката за стечај, им престана работниот однос на 234 вработени во телевизијата. За да се обезбеди работниот минимум, дел од вработениите во договор со стечајниот управник ќе моќат да останат на работните места. Според законот за радиодифузија, дозволата за работа се одзема во случај на стечај или ликвидација.

Автор: КД/СН

Редактор: Симе Недевски