1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Правната држава не важи за осомничените за тероризам?!

Во борбата против теророт многу често страдаат човековите права. Затоа ОН именуваа специјален известител. Ангажираниот борец за човекови права Мартин Шајнин денеска треба да го претстави извештајот за 2008 година.

default

Мартин Шајнин

Не треба да му се завидува на 54-годишниот Мартин Шајнин на задачата што ја има. Безбедносните потреби на државите или на нивните влади честопати се во противречност со човековите права. Тоа посебно доаѓа до израз кога треба со соодветно силни средства да се спречи некоја наводна или фактичка закана. Најдобар пример е таканаречената „борба против тероризмот“. Мартин Шајнин надгледува дали се почитуваат човековите права кога владите водат борба против тероризмот. Професорот по меѓународно јавно право од Финска е надлежен за тоа од 2005 година.

Задачата на Шајнин - голем предизвик со конфликтен потенцијал

Речиси сите 192 земји-членки на ОН се декларираа за борба против теророт по нападите од 11 септември 2001 во САД. Поради тоа Шајнин има и многу конфликти со владите на тие земји, многу повеќе отколку другите негови 23 колеги - специјални известители, кои се задолжени за специфични човекови права, како на пример, право на исхрана, образование или на религиозна слобода, или пак ја надгледуваат состојбата со човековите права во некоја конкретна земја, како Судан или Конго.

Кога стапи на оваа должност, Мартин Шајнин немаше илузии околу тоа во каков голем предизвик се впушта. Веќе за првиот извештај, што го поднесе на почетокот на 2007 година, тој ги проверуваше антитерористичките мерки во 35 држави. Притоа како централен проблем му се наметна сознанието дека во многу земји за осомничените за тероризам не се применува постапка според принципите на правната држава. „Кога на лица кои се осомничени за терористички дејствија им е ускратена постапка според принципите на правната држава, тоа може да води до таму, тие луѓе, нивните роднини и пријатели и навистина да станат терористи“, констатира Шајнин.

САД постапија според барањата на Шајнин, но не докрај

Guantanamo Häftlinge beim Gebet

Затвореници во Гвантанамо

Уште во 2006, по првата посета на САД, Шајнин го критикуваше третманот на заробениците во логорот во Гвантанамо, спротивен на човековите права и на меѓународното право. Поради тоа беше жестоко нападнат од администрацијата на тогашниот претседател Џорџ Буш. Но, специјалниот известител на ОН не попушти и уште пред минатогодишните ноемвриски претседателски избори во Америка ги формулира барањата до идната влада во Вашингтон. „Имам јасни очекувања дека идната влада на Соединетите Држави неодложно ќе објави план за затворање на заробеничкиот логор во Гвантанамо“.

Тие очекувања во меѓувреме ги исполни новиот претседател Барак Обама, но не и другите барања на Мартин Шајнин: да ги ослободи заробениците за кои е докажливо дека не се виновни, како и да се поведе постапка според принципите на правната држава пред цивилни судови против оние, за кои има силни докази што ги товарат. Но, професорот од Финска, познат по својата упорност и цврста принципиелност кон владите, секако ќе се наврати на тие барања.