1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Правдата го стигна екс-диктаторот Тејлор

Меѓународниот трибунал на ОН за Сиера Леоне го прогласи за виновен поранешниот претседател на Либерија Чарлс Тејлор поради извршени воени злосторства. Процесот беше тежок, Тејлор ги отфрли обвинувањата.

epa03196470 Former Liberian President Charles Taylor takes notes as he waits for the start of a hearing to deliver verdict in the court room of the Special Court for Sierra Leone in Leidschendam, near The Hague, Netherlands, 26 April 2012. The UN-backed court was due to give a verdict in the trial of former Liberian president Charles Taylor, accused of 11 counts of crimes against humanity. The charges against him relate to alleged crimes in neighbouring Sierra Leone, where Taylor stands accused of arming rebels and masterminding grave human rights abuses during that country's war, which ended in 2002. EPA/PETER DEJONG/POOL

Den Haag Ex-Präsident von Liberia Charles Taylor vor Gericht

Тејлор е првиот поранешен претседател по 1946. година осуден поради воени злосторства. Висината на казната специјалниот суд дополнително ќе ја утврдува. Тејлор ги отфрли обвинувањата.

Судскиот процес против Чарлс Тејлор започна во јуни 2007. година, откако беше преместен од Фритаун во Сиера Леоне зашто се стравуваше дека ќе придонесе за политичка дестабилизација на регионот. Уште од почеток адвокатот Алфа Сисеј, кој работи за организацијата за заштита на човековите права „Опен Сосајати Џастис Инициатив“ во Сиера Леоне, го следеше процесот и го означува за исклучително важен за своите сонародници. Обвинението против бившиот либериски диктатор беше-поддршка на бунтовничките групи во Сиера Леоне и обид за ставање под своја контрола на дијамантските наоѓалишта во оваа земја. Во борбите меѓу армијата и бунтовниците загинаа повеќе од 50 илјади луѓе. На илјадници им беа отсечени рацете и нозете.

Sierra Leone zu Beginn des Taylor-Prozesses

Жртви на граѓанската војна во Сиера Леоне

Тешкo обезбедување докази

За обвинителството беше особено тешко обезбедувањето докази дека за овие злосторства е одговорен Чарлс Тејлор.

„Најголемиот проблем беше немањето соодветни документи“, вели Харман ван дер Вилт, професор по мешународно кривично право на универзитетот во Амстердам. Тоа исклучително многу ја отежнуваше постапката, иако долгите процеси во меѓународното право не се исклочок.

Никој не порекнуваше грозоморнио прекрѓувања на човековите права во Сиера Леоне за време на граѓанската војна, но беше тешко докажувањето дека наредбите за нив ги дал лично Чарлс Тејлор. 64-годишниот Тејлор беше обвинет по 11 точки: од силување до лични нарачување убиства.

„Тој самиот никогаш не отпатува во Сиера Леоне“, вели адвокатот Сисеј.

Напротив, бунтовниците доаѓаа во Либерија за да ги примат наредбите и упатствата на Тејлор.

Наоми Кемпбел го сврте вниманието

За судењето на Тејлор почна подетално да се известува во светските медиуми во пресрет на сведочењето на британската манекенка Наоми Кемпбел, која ја обвинуваа за примање дијаманти од Тејлор во нејзината хотелска соба. Но, Кемпбле не потврди изричито дека дијамантите ги примила од Тејлор.

Charles Taylor verhaftet

Од апсењето на Тејлор, архива

Неразјаснета улогата на Гадафи

Процесот беше критикуван и поради преместувањето во Хаг, но и поради целосното исклучување на улогата на поранешниот либиски диктатор Моамер Гадафи во Сиера Леоне. Советот за безбедност на ОН уште во 2003. година го доведе Гадафи во врска со конфликтот во Сиера Леоне. Тој ги снабдувал бунтовниците таму со пари, оружје и муниција.

Адвокатот Сисеј од организацијата за човекови права „Опен сосајати џастис иницијатив“ од Сиера Леоне и покрај се‘ верува дека процесот против Чарлс тејлор ќе биде важна пресвртница за во иднина.

„Семоќните сега конечно треба да знаат дека ќе бидат повикани на одговорност за извршените тешки кривични дела“, истакнува адвокатот.