1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

По 4 години реприза на ланската летна фудбалска бајка во Германија?

Бразил кандидат за домаќин на светското фудбалско првенство за мажи во 2014-та, Германија и Канада за женскиот мондијал во 2011-та година. Денеска во 15 часот ФИФА во Цирих треба да ги објави организаторите.

default

Силвија Најд, тренер на женската фудбалска репрезентација на Германија, и Франц Бекенбауер, претседател на Орг. комитет СП 2006 го претставуваат германското лого за СП 2011

Преостанати кандидати за организација на светското првенство за жени се Германија и Канада, која минатата година се докажа како домаќин на мондијалот за јуниори до 20 години. Решавачко, според претседателот на Светската фудбалска асоцијација – ФИФА Сеп Блатер, е првенството во земјата-домаќин да остави трајно фудбалско наследство.

Ариане Хингст, одбранбен играч во германската селекција што пред еден месец го освои светското првенство за жени во Кина, вели: “На крајот, се надевам, Сеп Блатер ќе каже: светското првенство во 2011 во Германија. Тоа би била огромна шанса за женскиот фудбал кај нас, драстично би го унапредила неговиот натамошен развој”.

Германската кандидатура поднесена кај ФИФА опфаќа 1212 страници. Најголем адут, сепак, треба да биде перфектната организација и величествената атмосфера на минатогодишното светско првенство за мажи, пофалени од сите страни. Градови во кои би се играле натпреварите во 2011-та се Берлин, Франкфурт, Менхенгладбах, Леверкузен, Билефелд, Бохум, Есен, Волфсбург, Дрезден, Магдебург, Зинсхајм и Аугсбург. Стадионите, главно, собираат до 30 илјади гледачи и би биле добро пополнети и кај помалку атрактивните дуели.

Женскиот фудбал ќе напредува и ако Германија не го добие првенството

И ако Германија не ја добие организацијата, тоа нема да влијае врз натамошниот развој на женскиот фудбал, вели претседателот на германскиот фудбалски сојуз Тео Цванцигер: “Со или без светско првенство, ние нема да останеме во место. Она што започна пред една деценија и во меѓувреме интензивно се развиваше, не само што ќе опстои, туку и сосем јасно натамошно ќе напредува. Но, организацијата на светското првенство е шанса за четири години да се постигне она, за што инаку се потребни 10”.

За Светското првенство за мажи во 2014-та година единствен кандидат е Бразил. Според досега важечкиот принцип на ротација, што ФИФА вчера го укина, тоа првенство треба да го организира земја од Јужна Америка. Колумбија минатата година ја повлече својата кандидатура и остана само Бразил.

Штефан Нестлер