1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

По 23 години „Сахаров“ наградата конечно во рацете на Су Чи

На лидерката на опозицијата во Мјанмар, поранешна Бурма, Аунг Сан Су Чи со 23-годишно задоцнување денеска во Стразбур конечно и беше врачена наградата „Сахаров“ на Европарламентот

Опозициската лидерка од Мјанмар, Аун Сан Су Чи ја доби наградата на Европскиот парламент „Сахаров“.

Наградата на Су Чи и беше врачена од страна на претседателот на ЕП, Мартин Шулц. „ Вие сте голем пример на една голема жена која не дозволи да биде скршена во борбата за слобода на својот народ“, изјави Шулц за време на церемонијата на врачување на наградата. Наградата „Сахаров“ , Европскиот парламент на Аунг Сан Су Чи и ја додели од 1990 година како признание за нејзината борба за демократија и правна држава во тогашна Бурма . Тогаш таа беше уапсена од страна на воената хунта во нејзината земја и до 2010 година се наоѓаше во домашен притвор.

Су Чи со децении се бореше за демократија. Неа воениот режим до 2011 година и забранi да се занимава со политика. Исто така беше забранета и нејзината партија Национална лига за демократија.

Су Чи и неколку членови на нејзината партија од минатата година се пратеници во Парламентот на Мјанмар. Во моментот Си Чу се бори за измени во Уставот, со кои би и било овозможено да се кандидира за претседател на државата.