1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

По холандското НЕ за Уставот на ЕУ: европскиот сон во апсолутна форма веќе го нема

Шефовите на држави или на влади на земјите на Унијата со разочарување и загриженост за иднината на Европа реагираа на исходот на референдумот за европскиот устав во Холандија. Врвните функционери на Унијата, пак, и по двете НЕ – сега од Холандија и претходно од Франција, сепак се изјаснија за продолжување на постапката за ратификација на уставот, иако за негово стапување на сила е потребна едногласност. И

Европа во ќорсокак: како понатаму, по референдумското НЕ во Холандија и Франција?

Европа во ќорсокак: како понатаму, по референдумското НЕ во Холандија и Франција?

�ив ги мачи прашањето: што сега, како понатаму?

Германскиот канцелар Герхард Шредер опомена да не се дозволи кризата околу европскиот устав да стане општа криза на Европа. Загриженост за иднината на европскиот проект искажаа францускиот претседател Жак Ширак и британскиот министер за надворешни работи Џек Строу. Од Британија доаѓаат гласови дека владата на премиерот Блер сака да го откаже референдумот по холандското НЕ. Данскиот премиер Андерс Фог Расмусен најави дека незвисно од најновите референдумски резултати, тој има намера да опстои врз изјаснувањето на народот во неговата земја предвидено за септември годинава.

И по отфрлањето на европскиот устав од страна на Холанѓаните, претседавачот со Советот на ЕУ, луксембуршкиот премиер Жан-Клод Јункер, како и претседателот на Комисијата на Унијата Барозо и првиот човек на Европскиот парламент Борел сметаат дека неговата ратификација треба да продолжи. Досега уставот е ратифициран од девет земји, во две е одбиен, а претстои ратификација во преостанатите 14 членки на Унијата. Разочарувањето од јасното НЕ во Франција и Холандија Јункер вака го изрази: „Сметам дека европскиот сон, што многумина постојано го сонуваа, во апсолутна форма веќе го нема“. Државите на ЕУ треба да размислат што треба да се направи во сегашнава ситуација, смета тој: „Аргументите за изборот во Холандија фактички беа поинакви отколку во Франција. Вечерва, по француската дебата, по холандската дебата, по француското и холандското НЕ, ние можеме да констатираме дека збирот на аргументи што придонесоа за тоа НЕ, беше навистина впечатлив“ – изјави доцна синоќа Жан-Клод Јункер. Тој најави дека на претстојниот самит на Унијата ќе поднесе предлози за да докаже дека Европа сепак функционира. Според него, самитот на 15-ти и 16-ти јули мора да ја демонстрира европската здруженост во една тешка ситуација, оти се заканува опаѓање на влијанието на Европа во светот – во САД веќе растат сомневањата во ЕУ.

Претседателот на Европскиот парламент Хозеп Борел оцени: „Сметам дека стравот беше посилен од сништата. Во овој момент преостанува само една можност: да им се остави можност на сите Европејци да се искажат за уставот, онака како и што предвидовме при неговото потпишување“.

Сите 25 земји-членки го потпишаа уставниот договор од Рим, сега би морало заеднички да се бара решение и за новата ситуација, смета претседателот на Комисијата на ЕУ Жозе Мануел Барозо: „Мислам дека мораме да го замолиле Европскиот совет за разјаснување. Сметам дека мораме да ги замолиме сите членки да се откажат од какви било унилатерални чекори во овој стадиум“.

Како понатаму – се прашува и демохристијанскиот пратеник во Европарламентот Елмар Брок и вели: „Ние не можеме да правиме така, како се’ да си продолжува понатаму. Мораме јасно да покажеме оти ги разбравме граѓаните во таа смисла дека немаме намера да ја регулираме секоја област од нивниот живот“.

Претседавачот на социјалдемократската фракција во европарламентот, германскиот пратеник Мартин Шулц, нагласи: „Резултатот од холандскиот референдум е депримирачки. Тој не остава никаква дилема. Сметам дека од двата референдума примаме на знаење различни пораки. А пораката во обете земји е дека гласањето за европскиот устав е и гласање за внатрешно-политичката ситуација во тие земји“.