1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

По текот на реките

7000 километри од реките во Германија се пловни за бродови. Се повеќе патници заминуваат на речни крстарења низ земјата, кои претставуваат вистинско уживање.

default

Мајнц

За некои, речното крстарење е вистински одмор, а за некои досадна забава за буржоазијата. Глетката од бродовите за крстарење не мора секогаш да биде монотона. Алтернатива за крстарење по морињата се речните рути со брод низ пловните реки во Германија. Така ќе дознаете многу за германската култура и историја. Има многу можности за вакви повеќедневни патувања по реките Рајна, Весер, Дунав или Мозел.

Реката Рајна – муза на поетите и сликарите

Loreley am Rhein

Лорелај на Рајна

Рајна е најпознатата германска река затоа што за неа е многу пишувано. Сликарите и поетите од романтизмот во средината на 19-от век го свртеле своето внимание кон водените текови во западниот дел на Германија. Хајнрих Хајне (1797-1856), на пример, и` ја посветил една од неговите најпознати поеми на карпата Лорелај што се наоѓа на Рајна во блозина на Св. Гоарсхаузен. Крстарењето по Рајна главно е романтично, ако се исклучат турбуленциите предизвикани од плитките води.

По трагите на романтизмот

За оние патници кои се повеќе заинтересирани за историјата и културата на јужна Германија добар избор е крстарењето по реката Дунав. Втората по големина река во Европа има вистинско историско богатство. Дури и

Regensburg Brücke über die Donau

Регензбург

Римјаните оставиле свои обележја долж реката. Дунав извира во средновековниот град Регенсбург, потоа ја минува германската граница и тече низ Виена и Будимпешта. Кога патувате по реката, на нејзините брегови можете да видите бројни замоци, дворци и лозови насади. Сето тоа ги предизвикува патниците да слезат и да поуживаат во богатствата на брегот.

Природа и култура

Крстарењето по Одра, реката што тече во источниот дел на земјата, истовремено е и откривање на германско - полската граница. Посетителите можат да ги видат националните паркови како што е Меркише Швајц и степите со мочуришта како Одербрух. Патувањето по реката, од Магдебург до Прага, е добра опција за оние кои имаат повеќе време.

Елба пак, со своите 1000 километри должина, е најважниот воден тек меѓу југоисточна и североисточна Европа. Покрај реката се лоцирани градовите на Бах и на Мартин Лутер- Десау и Витенберг, потоа Мајсен, познат по производвството на порцелан и Дрезден, главниот град на Саксонија.

Патување од бајките по Весер

Многу германски бајки и легенди се поврзани со реките. На пример оние кои патуваат по реката Весер, минуваат низ северниот дел од земјата каде легендарните музичари привлекуваат посетители во Бремен. Понатаму по текот на реката, звуците на локалните гајди ги мамат посетителите да го откријат Хамелин.