1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

По смртта на Ким Јонг Ил, Источна Азија го запира здивот

Земјите соседи на Северна Кореја го свртуваат погледот кон овој ноторно непредвидлив режим. Тие се потпираат на ретките информации. Меѓу раководството има две струи, кои и покрај се’ сакаат режимот да опстане.

default

Смртта на севернокорејскиот диктатор Ким Јонг Ил се држеше во тајност два дена

Два дена смртта на севернокорејскиот диктатор Ким Јонг Ил се држеше во тајност. Дури ни јужнокорејската разузнавачка служба не се сомневала во нешто. Тоа покажува како малку информации протекуваат од херметички затворената Северна Кореја кон надворешниот свет.

Ким Јонг Ун е „големиот наследник“

Јасно е дека Ким Јонг Ун е назначениот наследник на неговиот татко Ким Јонг Ил. Веднаш по смртта на неговиот татко, тој од медиумите беше наречен „големиот наследник“. Во саботата (24.12.2011) беше назначен и за „Врховен командант“ на воените сили.

Ким Јонг Ун доби поддршка од својата фамилија, пред се’ од неговата тетка Ким Кјонг Хуи, која е членка на Политбирото, како и од неговиот чичко Јанг Сонг Тхаек. Тој раководи со административната управа на владејачката партија, тајната служба е под негов надзор и е заменик претседател на Националната комисија за одбрана.

Berichterstattung Tod Kim Jong Il

Медиумите во Северна Кореја по смртта на Ким Јонг Ил го прогласија неговиот најмал син Ким Јонг Ун за „големиот наследник“

Се чини дека и Кина, најмоќната соседна земја, е согласна со наследникот во Северна Кореја, сметаат експертите. Патрик Келнер, истражувач во Германскиот институт за глобални и регионални студии во Хамбург, вели дека „Кина веќе ја изрази своја согласност за преземање на власта од страна на Ким Јонг Ун“.

Секако, тоа не значи дека прашањето за распоредот на силите во Северна Кореја е решено. „Наследството од Ким Јонг Ил на Ким Јонг Ун веќе е поставено на една патека. Но, тоа се’ уште не може да се третира како завршена работа“, вели Келнер.

Посебно младоста на Ким Јунг Ун му е пречка за преземањето на власта, бидејќи во корејското општество возраста и искуството се значајни предуслови за водачот.

Несовпаѓања во внатрешниот круг на моќта

Дополнително отежнувачки делуваат и борбите за моќ во посетниот круг на власта. Има две крила – едното застапува економски реформи според кинескиот модел, а другото главно се противи на реформите. Поборниците за економските реформи веќе неколку години се наоѓаат во подредена позиција, забележува Келнер. Сериозна опозиција не постои.

„Кој е против фамилијата Ким, тој нема шанси за преживување“, забележува Ханс Гинтер Хилперт, експерт од Фондацијата за науки и политики.

И покрај дискрепанците, севернокорејскиот режим се залага за политички континуитет. Нуклеарната програма мора да се одржува, бидејќи нуклеарното оружје се смета за најефикасно средство за заплашување на западните земји.

„Севернокорејското лидерство седи во еден чамец, иако сите не веслаат во иста насока, но сите имаат интерес за опстанок на режимот“, вели Келнер.

Иритации во околните земји

Nordkorea Trauerfeier Beisetzung Kim Jong Il

Новиот претседател нема да донесе подобрување на односите со Јужна Кореја

Соседните земји, а пред се’ Јужна Кореја, под тензија и со големи грижи го набљудуваат политичкиот развој во Северна Кореја. Како што оценува еден јужнокорејски експерт од Фондацијата „Конрад Аденауер“ – односите меѓу двете земји уште долго време ќе останат во магла. Ли Мјунг Бак, претседател на Јужна Кореја, следи една цврста линија кон Северна Кореја.

„Не постои вистински отворен дијалог, а односите во голема мера остануваат под мраз. Поинакви импулси треба да се очекуваат дури по завршувањето на мандатот на Ли Мјунг Бак во 2013-та година“, вели Келнер.

Тука ништо не менуваат ниту посетите на двете јужнокорејски делегации во Северна Кореја, бидејќи како што се наведува двете се од приватен карактер. Едната ја предводеше вдовицата на поранешниот претседател на Јужна Кореја Ким Дае Јунг, кој се залагаше за приближување на двете земји, а другата ја предводеше Хјун Јеонг Еун, кој е претседател на групацијата Хјундаи и кој има бизнис релации со комунистичката земја. Други странски посети за изразување сочувство не беа дозволени.

„Периодите на пренесување на власта на наследниците во авторитарните режими се период во кој се заканува нестабилност, па затоа целата енергија се насочува кон внатрешните прашања“, вели експеротот Хилперт, кој моменталната состојба ја опишува како затишје пред бура, а притоа никој не знае што таа бура би можела да донесе.

Автор: Родион Ебигхаусен / Александар Методијев

Редактор: Борис Георгиевски