1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

По Скопје, Нимиц на разговори во Атина

Медијаторот на ОН денеска допатува во Атина на средба со грчките политичари, по средбите во Скопје со македонскиот државен врв. Дел од експертската јавност во Македонија предупредува на брзо наоѓање решение.

default

Метју Нимитц

Медијаторот Метју Нимиц денеска е на разговори со властите во Атина, во нов обид да ги приближи страните за договор околу разликите за името. Специјалниот посредник на Обединетите нации по прашањето за разликите околу името меѓу Грција и Македонија претпладнево ќе има средба со шефицата на грчката дипломатија Дора Бакојани, соопштено е официјално во Атина.

UN Vermittler Matthew Nimetz und mazedonischer Ministerpräsident Präsident Gorge Ivanov

Медијаторот Нимиц на средба со претседателот Иванов

Нимиц пристигна во Грција, по дводневната посета на Македонија, во рамките на која оствари средби со шефот на државата Ѓорге Иванов, премиерот Никола Груевски и со шефот на дипломатијата Антонио Милошоски. Медијаторот на ОН донесе во Скопје модифициран предлог на октомвриските сет решенија. Според октомврискиот предлог на Нимиц, уставното име Република Македонија се менува во „Република Северна Македонија“ (Republic of North Macedonia), (на француски: Republique de Macedoine du Nord), кое ќе има целосно правно дејство и ќе се употребува како официјално име на земјата во меѓународен контекст. За домашна употреба ќе може да се употребува името Република Македонија.

UN Vermittler Matthew Nimetz und mazedonischer Ministerpräsident Nikola Gruevski

Нимиц во владата на Македонија

Македонскиот владин врв вчера искажал подготвеност да ја разгледува варијантата „Република Северна Македонија“, но под услов дополнителните придавки да останат да бидат означени со „македонски“. Нимиц од своја страна подвлече „Никогаш не сум слушнал кој било официјален грчки претставник да негира дека оваа земја има единствен идентитет и јазик".

Владата и претседателот на државата не објавија официјално соопштение за текот на преговорите со медијаторот на ОН Метју Нимиц.

Дел од експертската јавност предупредуваат дека ако не се реши побрзо проблемот со името, не е исклучено отворената покана за членство во Северноатланската Алијанса да биде условувана со дополнителни политички критериуми. Професорот од Тетовскиот универзитет, Јетон Шасивари предупредува дека во блиска иднина на Македонија може да и’ бидат поставени и други услови, односно критериуми што земјата ќе треба да ги исполни за влез во НАТО. Тоа, според Шасивари сигурно ќе значи криза односно враќање назад во поглед на овие евроатлатнски процеси, предупредува професорот од тетовскиот униветрзитет.

Автор: АТ/АЧ/макфакс

DW.COM