1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

По Рамазан-„Халал сертификат“, новина за македонските муслимани

Од крајот на септември, веднаш по рамазанските пости, во Македонија ќе почне да функционира Агенција, која ќе издава „Халал сертификати“ на фабриките за храна кои ги исполнуваат стандардите на исламските вредности.

default

Муслиманската вера предвидува посебни правила за храната

Денеска (21.08.2009) за муслиманските верници е голем ден. Почнува светиот месец Рамазан, празникот на молитвата, деновите на пост. Годинешниот празник на муслиманите во Македонија им донесува голема новина што ќе им овозможи поспокојно да ја практикуваат верата. Станува збор за „Халал“ стандардот за храна, пропишан со исламските вредности. Според овој стандард, во месото и месните производи не смее да има свинско, ниту траги од свинско месо, а животното мора да биде заклано на специфичен начин, утврден во исламските закони. Од крајот на септември, веднаш по рамазанските пости, во Македонија ќе почне да функционира Агенција која ќе издава „Халал сертификати“ на фабриките за храна кои ги исполнуваат стандардите. Агенцијата ја формира Исламската верска заедница. Хаџи Јакуб Селимовски за Дојче веле објаснува за што станува

“Има елементи во системот кои ние како муслимани не смееме да ги користиме, а во исто време во системот постојат елементи кои треба да го содржат елементот здрава храна“.

Mazedonien - Land und Leute

Молитва во џамија во Македонија

Македонија ќе има корист со Халал сертификатот

Един е млад човек кој во наредните 30 денови ќе пости. Не се смета себеси за голем верник но ги почитува основните вредности на исламската вера. Ја поздравува иницијативата на ИВЗ за воведување на „Халал сертификатот“. За Дојче Веле објаснува дека вкусил свинско месо но тоа го сторил несвесно.

“Да, сум пробал. Не знаев дека е свинско. Јадев пилешка виршла и кога разбрав дека всушност виршлата е свинска не ми беше пријатно, не се чуствував убаво. Не дека ми беше лошо од месото, туку од сугестијата дека тоа месо е забрането за нас муслиманите, не ми беше пријатно“.

Медицината го поткрепува она што го проповеда верата. Свинското не е неопходно во искраната на човекот, тврди

Селимовски и додава дека Македонија по воведувањето на новиот „Халал сертификат“ ќе може да смета на пробив на големите пазари во муслиманските земји со своите производи.

“Ако производот добие ’Халал сертификат’, двојно ќе се зголеми неговата потрошувачка во Македонија, а што е најважно, тие производи ќе станат многу барани на Блискиот Исток и во сите исламски земји, а во последно време тој сертификат е многу баран во западно европските земји“.

Суштината на Рамазан е во солидарноста

До воведувањето на новиот сертификат верниците во Македонија ќе празнуваат.

Mazedonien - Land und Leute

Реис Ул Улема Сулејман Ефенди Реџепи

Суштината на Рамазан е во солидарноста. Поглаварот на ИВЗ – Реис Ул Улема Сулејман Ефенди Реџепи им го честиташе празникот на верниците со порака за мир и благосостојба.

“Чест ми е овој возвишен месец да им го честитам на припадниците на Исламот, посакувајќи им лесен пост, духовен мир и безгранични благодети во нивните семејства“, порача поглаварот на Исламската верска заедница.

По повод рамазанските пости во паркот во скопската населба Чаир, трета година по ред, во шатор ќе биде поставена ифтарската софра.

Верниците кои го организираат тоа велат дека целта на софрата лежи во суштината на празникот - богатите и сиромашните да седнат на иста маса.

Автор: Горан Петрески

Редактор: Жана Ацеска

Поврзана содржина