1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

По правдата во светот

Осум години по основањето на Меѓународниот кривичен суд, во Кампала се одржува конференција на која ќе се направи биланс на сработеното и ќе се постават идните насоки за работата на судот.

default

Пред осум години, во јули, почна со работа Меѓународниот кривичен суд. Главниот обвинител, аргентинскиот државен обвинител Луис Морено Окампо во пресрет на првата конференцијата за проверка на работата на судот

Luis Moreno Ocampo

Луис Морено Окампо

во Кампала, што се одржува од денеска (31.05.2010) во наредните две недели, извлекува главно позитивен биланс. „Судот има тековни постапки за злосторствата во Конго, Уганда, Централноафриканската Република и Дарфур. Сега отвораме истрага за злосторствата во Кенија. Во затвор имаме четири затвореници. Во моментов, размислуваме да почнеме истраги за злосторства во Колумбија, Брегот на Слоновата коска, Авганистан, Палестина и Грузија.“

По донесувањето на статутот во Рим, во 1998 година, на Меѓународниот кривичен суд му пристапија 111 од вкупно 192 земји-членки на ОН. Уште 39 земји го имаат потпишано статутот, но се` уште не го ратификувале. Меѓу 42 држави кои не го потпишале статутот, има многу земји од чие национално правосудство не може многу да се очекува кога е во прашање гонењето на клучните злосторства, кои се во надлежност на Меѓународниот кривичен суд. Меѓу нив се Судан, Ирак, Иран, Израел, Куба и Саудиска Арабија. Голема пречка за работата на Меѓународниот кривичен суд претставува постојаната апстиненција од страна на САД. Владата на Буш дури

Barack Obama in Cairo

Администрацијата на Обама не врши активна саботажа

вршеше и активна саботажа на судот и се обидуваше да врши притисок врз други држави да не му пристапуваат. Администрацијата на Обама ја прекина оваа активна саботажа, но и натаму е против тоа САД да му пристапат на судот, образложувајќи дека мора да ги штитат американските војници, ангажирани на многу места во светот од самоволни тужби и апсења. Став кој е спротивен на американскиот експерт по меѓународно право Дејвид Шефер, кој во `90-те години како амбасадорот на претседателот Бил Клинтон учествуваше во преговорите за статутот на судот. Тој истакнува: „Нашата војска значително би профитирала од правната постапка, што би ги дисциплинира војските на други земји и повикува на придружување на военото право, хуманитарното меѓународно право и конвенциите за геноцид - токму поради тоа што има Меѓународен кривичен суд. Токму тоа би понудило основна заштита за американската војска.“

На конференцијата во Кампала, инаку, ќе се води дебата за досегашната работа на Меѓународниот кривичен суд. Пред се` ќе се побара одговор на прашањето: дали тужбите и истрагата на Меѓународниот кривичен суд ги поттикнуваат или попречуваат мировните процеси и дали придонесуваат за надминување на меѓудржавните конфликти.

Автор: Андрeас Цумах / Александра Трајковска

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска