1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

По почетокот веднаш тринеделна пауза во процесот на Бошковски и Тарчуловски

Судењето на Љубе Бошковски и Јохан Тарчуловски во Хашкиот Трибунал ќе започне на 16 арпил , по што веднаш ќе биде направена тринеделна пауза до 7 мај . За да се извршат неопходните подготовки за ефикасен тек на процесот . Ова било договорено на денешната предпроцесна конференција во Судот во Хаг . Антонио Апостолски адвокат на Тарчуловски истакна дека одбраната очекува целиот судски процес да трае шест месеци. Во судската постапка треба да бидат сослушани 96 сведоци. Бошковски и Тарчуловски се обвинети за кршење на законите на војување во случајот „Љуботен“, акција во кој во 2001 загинаа седум лица од албанска националност. На првото сослушување обајцата се изјаснија за невини.