1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

По поплавите, на Пакистан му се заканува колера

Бројот на жртвите во најголемите поплави во историјата на Пакистан се искачи на преку 900 луѓе, а властите и меѓународните организации стравуваат дека нов смртоносен бран може да донесе зачестената појава на колера.

default

Според ОН, преку еден милион луѓе се директно погодени од поплавите на северозападот на земјата. Илјадници домови и плодно земјиште се уништени по повеќедневните монсунски дождови.

„Се‘ уште ја немаме целосната слика поради нефункционирањето на комуникацискиот сервис. Не можеме да контактираме со нашите канцеларии во многу региони. Проценката е дека најмалку еден милион луѓе се погодени од поплавите“, изјави Мануел Беслер, првиот човек на мисијата на ОН за хуманитарна помош.

Властите очекуваат дека бројот на жртвите ќе расте. Иако

Überschwemmung in Pakistan

нивото на водата почна да се намалува, уште 150 луѓе се водат како исчезнати. Локалните телевизии објавија хеликоптерски снимки на кои луѓето во погодените подрачја буквално висат на ѕидовите и покривите на она што е останато од нивните куќи, во надеж дека ќе бидат спасени.

„Потрага и спасување, тоа значи да се евакуираат луѓето од опасните зони, и да се префрлат на безбедни, повисоки места. Потребни ни‘ се засолништа, и потребна ни‘ е храна. Готова храна, бидејќи немаме никаква можност во овие услови да ја подготвуваме. Конечно, имаме огромна потреба од медицинска помош и од вода за пиење“, соопшти Беслер.

Огромен број бездомници

Пакистанските власти се соочуваат и со огромен број луѓе кои во поплавите останаа без своите домови. Најмалку 3.700 куќи се уништени во регионот. Илјадници луѓе кои загубиле се’ во невремето се упатуваат кон Пешавар и други градови во околината. Како привремени засолништа се користат училишни автобуси.

Überschwemmung in Pakistan

Локалните жители се незадоволни од помошта која ја добиваат. За западните агенции тие се жалат дека властите не обезбедиле засолништа, ниту помош за потрага по најблиските кои се водат како исчезнати.

Армијата соопшти дека испратила бродови и хеликоптери за евакуација на настраданите, а нејзините инженери работат на санација на патиштата.

Во меѓувреме, се‘ почести се извештаите за појава на колера во регионот на долината Сват. Според регионалниот министер за информации Ифтикар Хусаин, во тој предел блокирани се и околу 1.500 странски туристи.

Европската комисија одобри итна хуманитарна помош од 30 милиони евра за настраданите.

Поплавите ја заокружија трагичната недела во Пакистан, откако во средата во близина на Исламабад во авионска несреќа животите ги загубија 156 луѓе.

Автор: БГ/ЕМФ/афп/дв

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска