1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

По повеќе од еден месец официјални резултати за изборите во Албанија

Левичарската коалиција „Алијанса за Европска Албанија“ е победник на парламентарните избори што се одржаа во јуни, објави денеска албанската ДИК.

Албанската државна изборна комисија денеска (06.08.) со големо задоцнување ги објави официјалните резултати од парламентарните резултати што се одржаа во земјата на 23 јуни.

Левичарската коалиција „Алијанса за Европска Албанија“ што на изборите ја предводеше  Социјалистичката партија доби 83 мандати, додека десничарската коалиција „Алијанса за вработување, благосостојба и интеграција“ што ја предводеше Демократската партија 57 мандати во новиот албански парламент кој брои 140 пратеници.

Според претседателката на албанската Државната  изборна комисија, Лефтери Леши, коалицијата на левицата освои 313.212 гласови повеќе во споредба со десната коалиција.

Пред соопштувањето на резултатите, на седница на Комисијата, дошло до тензична ситуација меѓу претставниците на изборните коалиции.

Победничката коалиција имено ја обвини Државната изборна комисија дека намерно го забавила процесот на одлучување за објавување на официјалните резултати за да создала можност десницата, која беше на власт да манипулирала со одредени изборни кутии.

Претставникот на социјалистите Генц Ѓончај ја обвини Комисијата дека намерно доцнела со објавувањето на резултатите, на што претставникот на демократите Иви Касо застанал во нејзина одбрана тврдејќи дека сторила се со цел избори да бидат според европските стадарди.