1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

По ноќешните судири - во Истанбул мирно

Мир во Истанбул по судирите во кои полицијата употреби водени топови и солзавец против главно мирните демонстранти. Очевидци зборуваат за апсења.

Протестното здружение „Платформа Таксим“ во текот на ноќта (06/07.07) ги повика демонстрантите да влезат во паркот Гези, кој е блокиран од страна на полицијата. Полицајците се обиделе да ги спречат луѓето да стигнат на демонстрациите. Откако биле вклучени и водени топови, мал дел од демонстрантите почнале да фрлаат камења врз безбедносните сили.

Истанбулскиот гувернер Хусеин Авни Мутлу го прогласи собирот за нелегален. Тој на Твитер, на неколку часа пред демонстрациите, соопшти дека паркот Гези ќе биде отворен денеска (07.07). Подоцна, според извештаи на медиумите, тој зборуваше за отворање на паркот „во недела или понеделинк“.

Паркот стана симбол за протестите шриум земјата, поттикнати од плановите на владата да гради објект на една од  последните зелени површини во центарот на Истанбул. Во меѓувреме, протестите се насочени пред се‘ против, како што се оценува, авторитарниот стил на владеење на премиерот Реџеп Таип Ердоган. Во текот на повеќенеделните демонстрации живото го загубија тројца демонстранти и еден полицаец, а повредени се околу 8000 луѓе. Полицијата проценува дека досега на протестите во 80 турски градови учествувале 2,5 милиони луѓе.