1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

По наредбата за апсење, Мушараф побегна од судската сала

Три недели пред парламентарните избори во Пакистан, судот во Исламабад издаде наредба за апсење на поранешниот властодржец Первез Мушараф.

Поранешниот претседател по заклучокот на судот денеска (18.04), со помош на своите телохранители, ја напушти судската сала и побегна на непознато место, јави приватната телевизија Гео Њуз. Телохранителите ги спречиле полицајците кои биле пред салата да го уапсат Мушараф. Против поранешниот претседател се водат три судски процеси, во текот на кои тој е на слобода по платена кауција.

На Мушараф му се суди за нападот врз екс-премиерката Беназир Буто, убиство на племенски водач од Балучистан во текот на една операција на армијата и давање домашен притвор за судија во текот на мандатот на Мушараф. Во последниот случај, судот во Исламабад одлучи да го одбие барањето на

Pakistan Ex-Präsident Musharraf Gerichtsprozess

Мушараф ја напушта судската сала опкружен со телохранители

Мушараф за продолжување на кауцијата и издаде наредба за негово апсење, изјави адвокатот Камар Афзал за агенцијата ДПА. „Утре ќе поднесам жалба пред Врховниот суд“, најави Афзал, кој не ја коментираше веста на Гео Њуз за бегство на МУшараф.

Покрај трите судски процеси кои се во тек, Мушараф е обвинет и за предавство на земјата. Тоа е случај што се води во Врховниот суд. Первез Мушараф во март се врати од четиригодишен егзил, во кој замина доброволно, со намера да се кандидира на парламентарните избори на 11 мај. Судот во Пешавар пред два дена го исклучи Мушараф од изборната трка, поради судските процеси кои се во тек. Неговата партија АПМЛ најави дека поради тоа Мушараф ќе поднесе тужба пред Уставниот суд.