1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

По нападот врз израелската амбасада - криза во египетската влада

Илајдници Египќани ја нападнаа израелската амбасада во Каиро. Во нападот има тројца загинати и илјада повредени. Израел протестира. Во Каиро се шпекулира дека владата ќе падне.

default

Нападот врз израелската амбасада во Каиро, извршен од илјадници демонстранти, се заканува да ја втурне во сериозна криза владата на Египет. Во Каиро веќе кружат шпекулации дека владата на премиерот Есам Шараф, која денеска (10.09) е на кризна седница, ќе поднесе оставка. Полициските единици во земјата се ставени во состојба на висока готовност.

Нападот врз израелската амбасада во Каиро се случи во текот на ноќта. Амбасадорот Јицак Леванон, неговото семејство и други соработници во амбасадата заминаа од Египет за Израел со воен авион.

Во безредијата, загинале три лица, додека над илјада се повредени, меѓу нив и 46-мина полицајци и војници. Агенцијата Мена јави дека се уапсени 17 лица. Се‘ почна со демонстрациите на илјадници Египќани пред израелската амбасада. Протестите, меѓу другото, беа насочени против мировниот договор на нивната земја со Израел, кој датира од 1979 година и до кој се држеше и соборениот

Erstürmung der israelischen Botschaft in Kairo

По повеќечасовни протести пред објектот на амбасадата, дел од толпата демонстранти делумно урнала еден од заштитните ѕидови

египетски претседател Хосни Мубарак. Непосреден повод за протестите беше смртта на петмина египетски полицајци, убиени ненамерно од страна на израелските безбедносни сили за време на потрагата по милитантни исламисти во пограничниот регион.

Полицијата интервенирала дури по неколку часа

По повеќечасовни протести пред објектот на амбасадата, дел од толпата демонстранти делумно урнала еден од заштитните ѕидови, го нападнала дипломатското претставништво и го земала израелското знаме од покривот на зградата. Во амбасадата се втурнале околу 30 лица и од прозорците исфрлале документи. Групата влегла во зградата низ прозорец на третиот кат и потоа ги пробила вратите и на другите катови од објектот. Притоа, демонстрантите сретнале тројца Израелци и претепале еден од нив. На крајот, египетската воена полиција ги ескортирала соработниците во амбасадата надвор од зградата.

Во Ерусалим се вели дека сите соработници, со исклучок на заменикот амбасадор, го напуштиле Египет. При нападот врз амбасадата, во зградата биле

Ausschreitungen in Ägypten

Во безредијата, загинале три лица, додека над илјада се повредени

заклучени шестмина Израелци, кои потоа биле ослободени од страна на египетските безбедносни сили.

Египетската полиција интервенирала дури неколку часа по почетокот на протестите. Врз толпата собрана пред израелската амбасада е фрлен солзавец, а демонстрантите вратиле со молотови коктели и запалиле неколку возила на полицијата.

Нетанјаху бара консеквенци

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху побара од Египет да бидат преземени мерки. „Египет не смее да ја игнорира тешката повреда на мирот со Израел и такво еклатантно кршење на меѓународните норми“, рече Нетанјаху. Тој му се заблагодари на американскиот претседател Барак Обама и на египетските власти за помошта при спасувањето на дипломатите од Каиро. Според наводи на Белата куќа, Обама во телефонски разговор со Нетанјаху изразил загриженост за безбедноста на вработените во израелската амбасада. Се вели дека САД се обидуваат да придонесат за разјаснување на ситуацијата во Каиро без натамошно насилство.

Автор: ЕМФ/дапд/дпа

Редактор: Борис Георгиевски

 

DW.COM