1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

По налогот за апсење на потпретседателот - политичка криза во Ирак

Во Ирак е издаден налог за апсење на потпретседателот на државата Тарек ал-Хашими, кој е под сомнение за вмешаност во терористички активности. Потпретседателот важи за критичар и ривал на премиерот Малики.

default

Тарик ал-Хашими му е ривал на премиерот Малики

Налогот за апсење на потпретседателот, кој инаку е Сунит, го издал судски комитет, во согласност со антитерористичките закони во земјата, велат извори во безбедносните и правосудните служби во Ирак. Според наводи на министерството за внатрешни работи во Багдад, членови на обезбедувањето на Хашими признале дека планирале и изведувале терористички напади. За тоа тие наводно добивале пари и имале поддршка од Хашими, известува ирачката телевизија.

Непосредно по објавувањето на веста за налогот за апсење, сојузот Иракија, чиј член е Хашими, објави дека ќе ги бојкотира седниците на владата на Малики, кој е Шиит. Ирачкиот вице-премиер Салех Мутлак, еден од раководните членови на сојузот Иракија, изјави дека одлуката за бојкот е донесена „за да се спречи земјата да пропадне во катастрофа доколку продолжи диктатурата на Малики“.

Flash-Galerie Irak Nuri al-Maliki

Премиерот Нури ал-Малики се заканил наводно со оставка

Малики денеска, како што пишува весникот „Ал Mада“ повикувајќи се на близок партиски соработник на премиерот, се заканил со оставка доколку Мутлак не се повлече од функцијата за два дена.

Набљудувачите оценуваат дека налогот за апсење, со оглед на ривалството меѓу Хашими и Малики, е политчки мотивиран. назначувањето на Сунитот Хашими за потпретседател беше дел од договорот за пропорционалност меѓу ирачките партии. Во владата во Багдад доминираат Шиитите.

Автор: СН/ЕМФ/дв/дпа

Редактор: Жана Ацеска