1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

„По изборите, топката ќе биде во рацете на Македонија“

Бугарскиот европратеник Кристиан Вигенин денеска го претставува извештајот за напредокот на Македонија пред Европскиот парламент. Апелира проблемот со името да не се користи за внатрешнополитички цели.

default

Кристијан Вигенин

Вигенин за Дојче Веле објаснува зошто прифати по оставката на Зоран Талер, времено да биде известувач за Македонија и да го претстави извештајот за напредокот на земјата.

„Јас настојував да не се одлага неговото разгледување во Европскиот парламент, бидејќи сум координатор на социјалистите во Комисијата за надворешни работи. Одлучив да ја преземам таа улога и да го претставам пред парламентот. Се разбира, во наредните седмици ќе направам се‘ што е потребно за Македонија да има добар и авторитетен известувач, кој до крајот на мандатот ќе го направи потребното, како со конструктивни критики, така и со соодветна помош за Македонија да застане цврсто на европскиот пат и да напредува на него.“

Земја-кандидат за членство не треба да има известувач од соседна земја

Вигенин не сака да биде известувач за Македонија до крајот на мандатот на ЕП и покрај неговата принципиелност, од едноставна причина:

„Јас немам колебање за себе си, ќе продолжам да помагам и понатаму, на таа тема работев со Зоран Талер, а и во самата Партија на европските социјалисти работам на процесот на проширување. Но сметам дека известувачот за една земја-кандидатка, не е во ред да доаѓа од соседна земја. Понекогаш може да се случи кога е потребно, известувачот да изнесува мислења кои можеби нема да им се допаѓаат на властите на соодветната земја. Во таков случај сигурно дека е можно тие критики да бидат објаснувани со националната припадност на соодветниот европратеник. Сакам да го избегнам тоа и имам намера да привлечам како известувач член на ЕП, кој ќе биде авторитетен и можеби да не биде непосредно од регионот на Југоисточна Европа. Како што реков, сите ние кои и досега работевме ќе продолжиме и понатаму со поддршката на Македонија.“

EU ohne Haushalt - Verhandlungen gescheitert

Критиките и барањата треба да се прифатат, иако тоа не е лесно

Бугарскиот европратеник се залага за принципиелен пристап на работите а по потреба и да се биде остар. Тој се надева дека тоа ќе биде разбрано од македонските власти и дека тие ќе ги преземат потребните мерки.

„Од сопствено искуство, доаѓајќи од земја која заедно со Романија стана последна членка на ЕУ, знам дека понекогаш критиките изгледаат невозможно да се спроведат, па и ние самите сметавме дека сме направиле тоа што е можно и повеќе не може да се направи и баравме тоа да биде ценето.

Но со време човекот разбира дека треба да се биде поскромен со своите претензии, се разбира земјите-кандидатки треба да ги заштитуваат своите сопствени интереси, но и да знаат добро да слушаат и да не го примаат секое барање или критика како да се лични, што понекогаш се случува со лидерите. Тие треба да се обидат да го извлечат позитивното и да ја гледаат долгорочната корист за земјата. Тие не треба да мислат само за личниот и рејтингот на партијата, туку за тоа што ќе им донесат на нивните граѓани препораките на Европската комисија и Парламент. Во ова е суштината. Европската интеграција не е за владите и институициите, таа е за народот и граѓаните.“

Оптимизам за деблокирање на преговорите и решение за името

Кристиан Вигенин е оптимист и верува дека политичката ситуација ќе се развие позитивно и дека опозицијата и владејачката колаиција во Македонија ќе работат на подготовката и спроведувањето на претстојните избори.

„По петти јуни нема да има никави оправдувања од страна на македонските власти, како во однос на напредокот за преговорите за името со Грција, така и во исполнувањето на другите критериуми. Без разлика која ќе биде владата, таа ќе има јасен мандат да работи на тоа, бидејќи понатамошното блокирање и одлагање на преговорите има негативни последици за земјата и народот и нивниот социјален и економски развој, како и за меѓуетничкиот соживот“.

Вигенин притоа вели дека во Европскиот парламент ќе се работи со грчките европратеници за да се стимулира и нивната активност за деблокирање на процесот, но по изборите топката ќе биде во рацете на Македонија. Вигенин е убеден дека е можно да се најде решение за името, бидејќи кога нема решение за едно прашање, вината е кај двете страни.

Проблемот со името да не се користи за внатрешни политички цели

„Таа тема не треба да биде користена за внатрешно политички цели, се надевам дека во еден момент и владата и опозицијата ќе се договорат дека тоа треба да биде извадено од внатрешно политичката дебата и да биде ставено како национална кауза или прашање, зад кое ќе застанат водечките политичките лидери и партии, со што ќе биде ослободен развојот на Македонија.“

При претставувањето на извештајот за Македонија, Вигенин вели дека ќе инсистира на потребата од политичка стабилност на земјата, потреба од реформи во правосудството, внатрешните работи, борбата против корупцијата, интеграцијата и смирувањето на порастот на етничките тензии.

Die Grünen im Europaparlament: Europäisches Parlament in Brüssel

Македонија да го реши спорот со името што поскоро

Заменувањето на „македонскиот јазик“ со терминот „официјален“ -дел од отворените прашања на Македонија

За тоа зошто Европскиот парламент не се осмелува да го именува македонскиот јазик како таков, туку зборува само за службени јазици, времениот известувач признава:

„Тоа е веќе прашање за кое ми е тешко да одговорам, вие знаете какви се двоумењата околу употребата на името. Мојата држава го призна уставното име на земјата, но прашањето за јазикот останува, исто како и за името на државата. И ова прашање многу брзо ќе си го најде соодветното решение. Впрочем во извештајот се споменати некои прашања, кои се‘ уште се отворени со другите соседни земји, посебно меѓу Македонија и Бугарија. Се надевам дека ќе има поголема конструктивност со поглед кон иднината и да не се концентрираме толку многу на минатото и неговите толкувања“.

Заморот од проширувањето е присутен

Кристиан Вигенин смета дека заморот за проширувањето не е присутен толку во ЕУ, колку во земјите од регионот, кои се заморени од реформи, замор поради тоа-што и да направат, нема да стигнат набрзо до членството во ЕУ.

„Проблемот е во тоа што дебатата за проширувањето им беше оставена на противниците на проширувањето. Всушност, ако се погледе на последните проширувања, тие и‘ донесоа огромна полза на цела Европска унија и посебно на западноевропските земји. Вкупниот ефект е полезен за сите. Затоа треба да се работи со јавното мислење како на земјите-членки, така и на земјите-кандидати“, смета бугарскиот европратеник Вигенин.

Автор: Тони Гламчевски

Редактор: Жана Ацеска

DW.COM