1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

По идилата-„среќен развод“

Девизата-подобро среќен развод, отколку несреќен брак, ја прифаќаат се‘ повеќе двојки во Македонија. Во последниве десет години пропаѓа во просек секој десетти брак.

default

„За мене бракот беше ’заедно и во добро и зло’. За мојот партнер- нешто друго. Се разделивме по нецела година брак“, ја отвора душата пред микрофонот на Дојче веле една млада Скопјанка, која бидејќи не се гордее со кусиот стаж во брачната заедница, замоли да не го откриваме нејзиниот идентитет.

Девизата-подобро среќен развод, отколку несреќен брак, ја прифаќаат се‘ повеќе двојки во Македонија. Земјата е зафатена со светскиот тренд на зголемување на бројот на разводи.

Symbolbild Scheidung

За разводите има многу причини

Растечки индивидуализам

Според социологот Илија Ацески, во последните години младите живеат во една постмодерна состојба на индивидуализам.

„Се губат авторитетите во семејството, се топат традиционалните, општествените вредности и паѓаат моралните норми за бракот како светост што треба да се чува и негува“, објаснува за Дојче веле професорот Ацевски.

Од другастрана, пак, постојано се влошува економско-социјалната ситуација и се губат работните места. Како последица на миксот од повеќето фактори, според професорот Ацески, се добива високиот процент на разводи.

Symbolbild Paar Streit Scheidung

Недоволно разбирање меѓу партнерите-чести кавги

Колку разводи, толку причини

Причината за порастот на бројот на разводи е најразлична. Нетрпеливост, неверство, насилство, здравствени проблеми, разидување во ставовите, сиромаштија. Колку разводи, толку причини, велат експертите. Нашата соговорничка се обидува да ја објасни причината за распадот на сопствениот брак.

„Мојот брак се растури кога прв пат побарав поддршка“.

Најчесто се разведуваат млади брачни двојки од 24 до 29 годишна возраст и тоа околу петтата година од бракот. Иако се смета дека кризата е една од главните причини за неуспехот на голем број брачни заедници, најмалку разводи има во сиромашните семејства. Сиромаштијата секако влијае, младите прво бараат работа, место за живеење, бркаат кариера. Но статистиката покажува дека сиромаштијата и го "чува" бракот. Во сиромашните семејства, кога еднаш ќе се влезе во зедница, потешко се излегува. Разводот е невозможен токму од материјални причини.

Symbolbild Scheidung

Едниот од сопружниците нема каде да се отсели, па двајцата остануваат заробени во несреќното заедништво.

Застрашувачка статистика

Статистиката е се‘ понеповолна. Во последниве десет години пропаѓа во просек секој десетти брак. Зголемувањето е евидентно ако се направи споредба со периодот од пред 15 години. До средината на деведестите со развод завршувал секој 25 - ти брак. Паралелен тренд со зголемениот број на разводи е немалениот број на бракови.

Автор: Горан Петрески

Редактор: Жана Ацеска