1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

По земјотресот, опасност од цунами

Земјотрес со јачина од 8,8 степени според Рихтеровата скала утрово го погоди централниот дел на Чиле. Според првичните информации најмалку 85 лица загинале во земјотресот, а потвредно е и уривањето на неколку згради.

default

На настраданите им останаа само урнатините

Земјотрес со јачина од 8,8 степени според Рихтеровата скала утрово го погоди централниот дел на Чиле. Според досегашните информации најмалку 78 лица загинале во земјотресот, но се уште нема точни податоци за размерите на несреќата и погодените подрачја. Епицентарот на потресот е регистриран во водите на Тихиот океан во близина на вториот по големина град во земјата Консепсион. Во главниот град Сантијаго исто така е потврдено уривањето на повеќе згради, а затворен е и главниот аеродром поради оштетување на инфраструктурата.

Земјотресот предизвика прекин на електричната енергија и на телефонските линии во поголемиот дел од земјата.

Chile Erdbeben Februar 2010 NO FLASH

Претседателката Башелот побара да не се крева паника

Претседателката Мишел Башлет изјави дека поради силината на земјотресот се очекува бројот на жртвите да расте. Таа денеска објави состојба на национална катастрофа.

„Ве молам да не излегувате надвор без потреба. Ако морате, тогаш патувајте само со автомобил. Бидете претпазливи, бидејќи во спротивно не само што ќе имаме жртви од земјотресот, туку ќе имаме и жртви како резултат на паниката“, изјави Башлет.

Очевидци наведуваат дека потресот траел околу една и пол минута, а постојано пристигнуваат информации и за последователни потреси со помал интензитет. Граѓаните во паника ги напуштаат своите домови и бараат засолниште подалеку од зградите.

No FLASH Chile Karte vom NDR zum Beben Februar 2010

Најпогодени се главниот град Сантијаго и вториот по големина град во Чиле, Консепсион

Евакуацијата е во тек

Веднаш по земјотресот Пацифичкиот центар за цунами издаде предупредување за можно цунами на брегот на Чиле и Перу, а на пониско ниво и за сите 53 останати држави на пацификот.

„Ова е многу силен земјотрес со потенцијал да предизвика голема штета во регионот, изјави Ренди Болдвин, експерт од американската геолошка служба.

„По должината на тој брег се наоѓа границата меѓу двете големи плочи, пацифичката и јужноамериканската. Токму оваа зона е местото каде тие се допираат“.

Веќе е во тек евакуација на жителите на Велигденските острови, а слични акции најавија и властите на Филипните. Се очекува опасноста од разорните цунами бранови да остане во сила во наредните 24 часа, иако првичните прогнози се дека најверојатно ќе се избегне најлошото.

Автор: афп/дпа/миа/дв/Б.Г./Т.Т.

Редактор: Трајче Тосев