1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

По земјотресот на Јава - паника

Бројот на жртвите во земјотресот што денеска рано изутрина го потресе индонезискиот остров Јава постојано се зголемува. Според последните официјални информации, загинале околу 2200 луѓе. Неофицијално се говори за 2 700 жртви. Земјотресот со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата сакала, имал епицентар во градот Јогиакарта.

default

“Луѓето лежат во ходниците, во приемните хали, лежат на паркинзите. На гол под, без душеци и ќебиња. Членовите на семејствата делумно добиваат по некој завој в раце за сами да ги преврзат повредените. Прилично е катастрофално. Повикани се сите медицинари, но и покрај тоа тие се многу, многу малку.“

Вака за Дојче Веле пред неколку часа ситуацијата ја опиша новинарката Сузане Кребер, која се наоѓа во Јогиакарта, каде што беше и епицентарот на земјотресот. А, маката да биде поголема, серијата потреси не застанува. Дополнителните тресења на земјата на Јава само ја зголемија паниката меѓу луѓето, кои и покрај тоа што нема аларм, бегаат поради страв од можен цунами.

Индонезискиот претседател, Сусило Бамбанг Јудхојоно, испрати војници во погодениот регион, кои треба да помогнат во операцијата на спасување и расчистување на теренот. Јудхојоно рече: “Од рано изутрина сум во контакт со гувернерот и наредив да бидат мобилизирани сите спасувачи кои стојат на располагање.“

Во Јогиакарта и соседните места нема струја, прекината е телефонската мрежа, а оштетен е и аеродромот, кој во моментов не функционира. Латифур Раман, од Меѓународниот црвен крст, за состојбата во кризното подрачје, изјави:

“Во погодениот регион има некои места во кои се урнати до 80% од куќите, а не функционираат ни снабдувањето со електрична енергија, вода и системот на комуникации. Локалните медицински установи се преоптоварени.“

Недалеку од Јогиакарта се наоѓа вулканот Мерапи, кој со недели има засилена активност. Непосредно по земјотресот, од вулканот излегол облак со жешки гасови и пепел, кој се распространил на подрачје од 3,5 километри. Научниците сметаат дека активноста на вулканот е поврзана со потресите на земјата.

Германската влада попладнево и понуди хуманитарна помош на Индонезија, а истото го направи и британската влада.