1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

По грешка ранет претседателот на Мавританија

Претседателот на Мавританија, Абдел Азиз е полесно ранет откако војници по грешка отвориле оган врз неговото возило за време на редовна патрола.

Претседателот на Мавританија Мохамед Улд Абдел Азиз е лесно ранет откако мавританска воена патрола, по грешка, пукала врз колоната автомобили во која бил и тој.

Според соопштение на мавританската влада, претседателот се враќал во престолнината Нуакшот, кога војници кои патролирале на патот отвориле оган врз колоната автомобили, бидејќи не го препознале автомобилот на шефот на државата.

Како последица на овој инцидент претседателот е прострелан, но тој е лесно ранет и неговиот живот не е во опасност, се наведува во лиферуваното соопштение. Ранетиот Абдел Азиз првично бил префрлен на лекување во воена болница во земјата, но во текот на денов најверојатно ќе биде пренесен на натамошен третман во болница во странство.

55- годишниот поранешен висок воен офицер, Абдел Азиз дојде на власт во Мавританија по воениот удар во 2008 година, и оттогаш авторитарно владее со земјата.