1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

По бурната вечер во А1 мирно

Откако се земени потребните материјали од страна на инспекторите од УЈП и финансиската полиција, полицијата се повлече од седиштето на А1. Од телевизија велат дека биле попречени во нормалното извршување на работата.

default

Објектот во кој е сместена телевизијата А1 повеќе не е под полициска блокада. Инспекторите на УЈП и финансиската полиција утрината ја напуштиле зградата, но ставиле пломба на компјутерскиот центар на серверот на телевизијата и дневните весници Коха е ре, Време и Шпиц. Уредниците се жалат дека директно им е загрозено функционирањето.

Главниот и одговорен уредник на телевизијата Младен Чадиковски вели дека нема објаснување зошто серверот им бил пломбиран. Се жали дека постоело можност програмата во секој момент да запре доколку системот откаже. Од она што се случувало во текот на ноќта, кога дел од новинарите се жалеа дека полицијата им го попречила движењето во и околу телевизијата, Чадиковски имал впечаток дека тој и неговите колеги се под постојан притисок.

Die mazedonische Polizei und eine Journalistin NO FLASH

Полицијата во А1

Од МВР соопштија дека се повлекле од објектот откако инспекторите ги собрале потребните документи за финансиското работење, како што велат на дел од фирмите кои биле регистрирани на адресата на која е лоцирана и телевизијата. Портпаролот Иво

Innenministerium Mazedonien

MВР

Котевски за Дојче веле изјави дека законите мора да важат за сите подеднакво, а на сите службени лица мора да им се овозможи пристап доколку имале потреба од повторен увид.

Од Управата за јавни приходи веќе соопштија дека постои основано сомневање за

Rundfunkrat Mazedoniens

Седница на Советот за радиодифузија

финансиски криминал и одлив на околу сеум ипол милиони евра во странство. Инаку синоќешната полициска интервенција, која за влакно не прерасна во поголем инцидент предизвика остри реакции на опозицијата, новинари, претставници на невладиниот сектор. Здружението на новинари во Македонија побара полицијата да истражи дали имало пречекорување на полициските овластувања. Реагираат дека сопствениците на медиумите никогаш не треба да остават сомнеж дека новинарите се изманипулирани. Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот денеска одлучи да закаже посебна седница за следниот петок на која ќе се расправа за синоќешните случувања во националната телевизија А1.

Автор: Костадин Делимитов

Редактор: Александра Трајковска

DW.COM