1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

По брада и коса во Истанбул

Мажите кои имаат ретки бради се’ почесто се медицински туристи во градот на Босфорот. Истанбул прераснува во Мека за оние кои сакаат да инвестираат неколку илјади евра во густа брада и модерен изглед.

Добредојдовте во Истанбул, новата Мека за туристите - пациенти. Ги пречекуваат уште на аеродромот - многу гости доаѓаат од арапските држави. Едни од нив се и двајца патници од Дубаи кои дојдоа во градот на Босфор поради медицинска интервенција. Меѓутоа тие не сакаат корекција на забите или очите. Тие сакаат повеќе коса, односно погуста брада.

„Воопшто не сум нервозен. Сосема сум опуштен пред операцијата“, вели Басам Алкхатани.

Пријателите Ахмед Авад и Басам Алкхатани страдаат поради нивната ретка брада. Во Дубаи може да се прави кариера само со брада, исто и да се најде жена. Затоа тие уплатија за трансплантација на влакна за брада: паушална понуда за само неколку илјади евра. Во неа се вклучени сите услуги: операција, хотел и трансфер.

Двајцата пациенти од Заливот најпрво мораат на здравствена проверка. Бизнисменот Алкхатани на неговиот мобилен има фотографии од неколку типични лица со брада од неговата татковина. Смета дека неговата сопствена брада е премногу ретка. „Во земјите на Заливот е важно да се има брада. Без неа не се може. Јас имам многу празнини во мојата брада. Нив сакам тука да ги пополнат со влакна“.

Потоа лекарот го одбележува местото. Малку повеќе влакна на образите, малку повеќе брада за горниот дел од усните, и да не се заборави - потегот надолу кон долната вилица.

Али Мездеги, пластичен хирург појаснува: „Влакната ги земаме од задниот дел на главата, бидејќи таму растат многу густо и не остануваат видливи траги. Со оглед на тоа што тие влакна имаат фини корени, добри се за пресадување како влакна за брада.“

Bärte im Trend

До погуста брада преку Истанбул

Но, не само Арапите и Турците имаат интимен однос кон мустаќите и брадата. Мустаќите отсекогаш се обележје на мажите Турци. Дел од минувачите на улиците во Истанбул велат:

„Мустаќите прават мажот едноставно да биде повеќе маж“.

„Некои ги носат развлечени - долги, некои само на средината. Тоа е убаво...“

„На главата веќе немам коса, погледнете. Затоа тоа го надоместувам со мојата брада. Мислам дека ми стои“.

Додека обичните туристи уживаат во излетот на Босфор, на гостинот од Дубаи му ја отстрануваат преврската. Операцијата траела осум часови. На задниот дел од главата на Басам Алкхатани сега му недостасуваат повеќе илјади влакна. Но затоа, како што вели неговиот лекар, за две недели ќе може да ја избричи пресадената брада. Но, среќниот пациент на тоа не мисли ниту на сон.

„Операцијата успеа, мислам. Резултатот е онаков каков што се надевав дека ќе биде“, задоволен е Басам Алкхатани.

Последен задоволен поглед во огледало и двајцата заминуваат на туристичка прошетка низ Истанбул. Сакаат да го посетат познатиот Топкапи сарај. Таму се изложени брадите на пророците.