1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

По „арапската“ потребна е „економска“ пролет

Со револуциите во арапските земји од 2011. година се соборени неколку владетели. Египет од летоска има влада која е избрана на слободни избори. Меѓуоа, што значи „арапската пролет“ за стопанството?

Револуциите во северна Африка и на Блискиот исток пред се донесоа политички, но не и економски промени. Тие земји од регионот како Египет, конечно не беа плански социјалистичка економии. Фолкер Пертес, директор на Фондацијата за наука и политика од Берлин кажува дека во Египет и порано постоел функционален банкарски систем. Меѓутоа, само мал број луѓе имале пристап до капиталот. „Во споредба со меѓународните, египетските банки сосема добро заработуваа. Меѓутоа, тие даваа кредити само на членовите на 30 многу добро вмрежени семејства кои имаа добри контакти со владејачкиот режим“, вели Пертес.

Неизвесна иднина

Маркус Леве од германскиот Институт за развојна политика кажува дека како последица на тоа 99% од претприемачите во Египет се помали фирми со мал број вработени. Политичките превирања кај нив оставиле длабоки лузни.

„Досега ги видовме пред се’ негативните ефекти од револуцијата. Економскиот развој во сите земји е значително ослабен. Одделни стопански гранки колабираа, посебно оние кои поизведуваа за домашниот пазар. Причина за тоа е значително намалената домашна потрошувачка. Неизвесната иднина играше многу важна улога“, смета Леве.
Несигурноста се одрази и кај странските инвеститори. Маркус Леве вели дека, без разлика на малите плати, лошиот образовен систем дополнително ја намалува конкурентноста на економијата. На тоа треба да се придодадат и проблемите во државниот буџет. Новата египетска влада во моментов се бори со се’ поголем буџетски дефицит. Меѓу причините за тоа се слабата стопанска состојба и неповолните кредити. Ханан Морси од Европската банка за обнова и развој истакнува  дека државните субвенции исто така ја загрозуваат државната благајна, бидејќи „субвенциите сочинуваат една петина од сите владини издатоци, значи 20%.“

Проблеми со енергија и со вода


Бруно Вен, потпарол на Германското друштво за инвестиции и развој (ДЕГ) пак смета дека се неопходните инвестиции во инфраструктурата во регионот, кои се исто така и шанса. За земја како што е Египет посебно се заинтересирани фирми кои се занимаваат со производство на техника од областа на енергетиката и на заштита на животната средина. „Египет во догледно веме, краткорочно гледано во наредните 2 до 3 години, ќе има проблеми со вода. Водата која ја поседува, главно од реката Нил, се’ повеќе е загадена. Ние, значи Германците, имаме неопходна технологија и искуство кои би требале да ги примениме во Египет“, истакнува Вен.
Тој исто така смета дека во многу арапски земји постои висока правна сигурност и дека во нив е полесно да се започне со работа отколку во земји како што се Бразил, Русија, Индија или Кина, кои се омилени кај инвеститорите.