1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Појасот Газа во рацете на Палестинците

Махмуд Абас : „ Ова е ден на радост и среќа , што Палестинците ја немаат доживеано , цел век“

Палестинците запалија неколку еврејски синагоги

Палестинците запалија неколку еврејски синагоги

Воодушевените Палестинци развеаја знамиња во празните еврејски населби во појасот на Газа откако и последните израелски војници се повлекоа од појасот, ставајќи и на тој начин крај на 38 годишната окупација .

Илјадници припадници на палестинските безбедносни служби и цивили навлегоа во еврејските колонии во појасот Газа откако израелската армија ги повлече своите војници од населбите .

Веднаш по изгревањето на сонцето последниот израелски војниик го мина граничниот премин кон Израел по што веднаш тој беше затворен а командантот на израелските сили во појасот на Газа Авив Кошави објави :

„ Нашата мисија е завршена . Од сега натаму се што се случува во појасот Газа е одговорност на палестинските власти“

Напаѓајќи ги симболите на 38 годишната окупација на Израел , младите Палестинци запалија неколку синагоги кои израелската армија ги остави зад себе во 20-те населби чии жители беа евењкуирани во текот на минатиот месец , во рамките на планот на израелскиот премиер Ариел шарон со кој тој се обидува да го придвижи мировниот процес на Блискиот Исток .

Но покрај воодушевувањето и славјето во Газа , Палестинците сстравуваат дека Шарон ја предал Газа , која е дом на 1,4 милиони Палестинци во замена за трајно присуство во поголемите еврејски населби на окупираниот Западен Брег , каде што 245 илјади еврејски доселеници живеат покрај 2 и пол милиони Арапи .

Палестинците истотака се гневни на Израел , кој како што соопшти поради безбедносни ипричини и натаму ќе продолжи да ги контролира граничните премини кон Газа , воздушниот простор и водите околу појасот . Саед Ерекат , главниот палестински преговарач смета дека окупацијата сеуште не е завршена:

„ Израелците го затворија граничниот терминал Рафа , затворајќи 1, 3 милиони Палестинци во овој голем затвор . Аеродромот е затворен и тие одбиваат да управуваат со него. Ограничувањата за движење на стоки и услуги се сеуште во сила“

Инаку сиромашниот појас на Газа ќе биде тест за способноста на Палестинците за самоуправување. Пред претседателот Махмуд Абас стојат тешки задачи , меѓу нив и најважната воспоставувањето ред и разоружување и расформирање на силните милитантни групи кои оперираат во Газа. Припадници на овие групи меѓу првите пристигнаа во напуштените еврејски населби за да ја упатат долгоповторуваната порака дека тоа е нивна победа остварена со четиригодишниот отпор против Израел , што се покажал како поефикасен од 10 годишното преговарање за мир меѓу палестинските власти и владата во Ерусалим.