1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Појадок кај Владимир Путин

Американскиот претседател Барак Обама го започна вториот ден од посетата на Русија со средбата со рускиот премиер Владимир Путин. На состанокот со претседателот Медведев беа постигнати првични договори за разоружување.

default

Американскиот претседател Обама и рускиот премиер Путин

Вториот ден од неговата прва посета на Русија, Барак Обама го започна со заеднички појадок во резиденцијата на рускиот премиер во Ново Огарјево во близина на Москва. Путин и Обама пред почетокот на средбата, на која разговараа за актуелните прашања во меѓусебните односи и пред се’ за планираниот американски анти-ракетен штит во Полска и во Чешка разменија убави зборови, а изразија и надеж за подобрување на меѓусебните односи.

Обама притоа ја истакна работата на неговиот домаќин: „Свесен сум за извонредната работа што ја направивте во име на рускиот народ на вашата претходна функција како претседател, но и во сегашната функција како премиер.

Obama in Russland mit Putin

Обама во Русија

Сметаме дека постои одлична можност да ги зајакнеме односите меѓу САД и Русија“, рече американскиот претседател.

Ниту Владимир Путин не штедеше пофалби за својот гостин: „Историјата на односите меѓу Русија и САД познава различни фази. Имаше добри години, но и сива рутина па дури и конфронтации. Со Вашето име поврзуваме надеж за надградување на нашите односи“, рече рускиот премиер.

Подобрување на односите САД-Русија

Помирливите тонови и контруктивниот дух, кои преовладуваа на првиот ден од посетата на Обама на Русија значи продолжија и во текот на денешниот ден. Новата американска администрација предводена од Обама на тој начин и во дело ги спроведува претходно искажаните намери за подобрување на односите со Русија и надминување на некои од тешкотиите што се појавија во изминатите неколку години. „Можеби не се согласуваме за се’ но имаме консултации кои ќе им служат и на рускиот и на американскиот народ“, истакна денеска Обама.

Obama in Moskau

Средба со претседателот Медведев

Уште на вчерашниот прв ден од посетата на Обама на Русија, тој и неговиот колега домаќин рускиот претседател Дмитри Медведев се заложија за отворање на нова глава во меѓусебните односи и постигнаа согласност за возен ред кој ќе доведе до договор за ограничување на атомското вооружување. САД и Русија во иднина сакаат повторно потесно да соработуваат и во други области.

Двете земји стојат пред редица проблеми

Меѓутоа постои и цела редица проблеми кај кои немаше вистинско приближување, во што не можеа да залажат ни многуте пријателски зборови. Така на пример, Обама и Медведев не постигнаа напредок за долготрајната спорна тема, планираниот анти-ракетен штит во Полска и Чешка. Обама сепак изрази надеж дека е можен компромис: „Ќе најдеме заеднички став. Меѓутоа не‘ чека тешка работа, зашто мораме да ја надминеме долгогодишната недоверба.“ Од своја страна Медведев пак порача:„Нашата земја посакува односи со САД кои соодветствуваат на 21 век.“

Автор: СН/ЖА/дв/ројтерс

Редактор: Александра Трајковска