1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Почнува тридневниот форум на Блед

*

ЕУ и Косово ќе бидат главни теми на тридневниот форум што попладнево започнува на Блед, Словенија. На средбата под мотото „Европа 2020 – здружена и обединета“ учествуваат над 400 преставници на влади, министри за надворешни работи, од ЕУ, како и невладините организации и претпријатијата. Се очекува на средбата да доминира дебата за иднината на Косово и судбината на претстојните преговори со Белград и Приштина. На останатите панел дискусии ќе се зборува за европски интеграции, климатски промени, ситуацијата во Средна Азија и Турција. Организатор на средбата е словенското Министерство за надворешни работи и Центарот за европска перспектива.