1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Почнува судскиот процес против Смиленски и Трпевски

Смиленски, Трпевски и Ќука пред судотот во Скопје поради сомневање за недозволени финасикси активности.

default

Скопје

Зградата на кривичниот суд во Скопје денеска е под силно полициско обезбедување. Започнува судскиот процес против бизнисменот Методија Смиленски и поранешниот гувернер на Народната банка на Македонија Љубе Трпевски, обвинети за проневера на 30 милиони долари од државните резерви. Пред истражен судија денеска треба да се појави и вчера уапсениот генерален директор на скопската фабрика Охис, Јорго Ќука осомничен за проневера на еден милион евра.