1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Почнува собирот на македонистите во Охрид

Повеќе од сто слушатели, странски слависти, македонисти, историчари, етнолози, ќе учествуваат во работата на 43. Меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура што се одржува во Охрид до 13 јули.

default

Охрид

Во Охрид денеска започнува 43. Семинар за македонски јазик литература и култура. Годинава на летната македонистичка школа пристигнаа околу сто учесници од 23 земји, претежно од Европа, САД, Канада, Јапонија, Јужна Кореја, Австралија и за првпат од Бангладеш.

Задоволни сме од интересот на младите странски учесници од кои се очекува да бидат нови македонски

Ein Buch in mazedonisch

амбасадори во сопствените земји, изјави за Дојче веле директорот на Семинарот д-р Максим Каранфиловски: „Летната школа треба да го привлече нивното внимание и да го потврди нивниот избор. Кога веќе го избрале македонскиот јазик на своите универзитети, овде треба да ја зацврстат својата желба, љубов и амбиција за во иднина да продолжат да работат на полето на македонистиката. Ние очекуваме, еден дел од нив да станат и сериозни научници. Основните нишки на програмата се: 65 години од кодификацијата на македонскиот литературен јазик, 65 години од победата над фашизмот и 1100 години од упокојувањето на Свети Нуам Охридски. Стандардно ќе се говори и за македонскиот наспрема другите јазици, но и за ситуацијата со македонскиот јазик во регионот, во дијаспората, како се зборува и проучува македонскиот јазик. Во доменот на литературата главни теми се животот и делата на: Славко Јаневски, Ѓорѓи Абаџиев и Григор Прличев.“

До годинава, Семинарот се организираше во почетокот на август, а Универзитетот го смени терминот. По речиси три неделна работа во Охрид, последните два дена македонистите ќе се запознаат со дел од Македонија, а во Скопје ќе ги посетат институциите кои од аспект на јазикот и културата ја кодифицираат земјата.

Автор: Милчо Јованоски

Редактор: Александра Трајковска